Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

понедељак, 31. децембар 2012.

Литературно читање со Горјан Петревски




Горјан Петревски е најчитаниот автор за деца и тинејџери, со унифицирана библиотека во "Детска радост“ - "Романи од Горјан Петревски“. Тој е писател со ретка дарба чии книги, романи и раскази привлекуваат големо внимание на читателите и побудуваат голем интерес. Најчесто тое е поради неговата непосредност, лирските нијанси во делата како и поради чувствата што се раѓаат кај младите, првата љубов, возбудата. Овој писател, во повеќе наврати, е прогласуван за најчитан во нашите училишни и градски библиотеки, со бројни награди за своето творештво. Досега објавил триесетина наслова, раскази и романи за деца и тинејџери од кои некои доживеале и по 14 изданија.

На 19 декември 2012 година, четврток учениците од ОУ “Димитар Миладинов” оддржаа литературно читање и книжевна средба со писателот Горјан Петревски. Авторот го промовирање и неговото најново дело - романот раскази “Среќа за секого”, што неодамна е објавен во издание на “Детска радост”. Нашиот гостин со задоволство прифати да одговори на нашите прашања во врска со досегашната негова писателска активност и плановите за во иднина. Учениците несрамежливо започнаа да му поставуваат прашања за неговите најпознати романи, за ликовите во нив, за неговата литературна активност и за неговите идни проекти. Во сосема непосреден и отворен разговор писателот Горјан Петревски одговараше на нашите прашања и им даваше совети на младите литерати од нашето училиште.

Искажуваме огромна благодарност до сите чинители, учесници, гости и  присутни. Благодариме за присуството и воедно Ве покануваме за следните литературни и книжевни дружења во нашето училиште. 
         Филип Поповски и Марија Лазаровска
 

Нема коментара:

Постави коментар