Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

недеља, 3. фебруар 2013.

Заштита од струен удар

Во декември 2012 и јануари 2013 год., учениците Елизабета Бошнаковска, Матеј Голубовиќ, Никола Костов и Трајче Јакимовски одржаa повеќе предавања за своите соученици на тема "Заштита од струен удар"
ИЗВАДОК ОД ПРЕДАВАЊЕТО:
трујата кога тече низ човечкото тело , убива. Таа тече од точка на повисок потенцијал кон точка со понизок потенцијал. Ако со едната  рака допрете проводник под напон, а со другата рака или со дел од телото допрете до точка со понизок потенцијал низ телото ќе ви протече струја.
Ако струјата е околу 1 милиампер, ќе почуствувате само мало пецкање, струја од 5 - 10 милиампери растревожува, а пак наизменична струја која е еднаква или поголема од 50 милиампери (0,05 ампери) се смета за смртоносна. Бидејќи напонот кој доаѓа од штекер е фиксен и не се менува многу, струјата која ќе протече низ човековото тело при затворање на струјниот круг  зависи само од отпорот (според Омовиот закон за мрежен напон од 230 волти, “смртоносно низок“ отпор е еднаков или помал од:
R=U/I  односно, R=230/0,05=4600 оми
Значи ако отпорот на телото помеѓу двете точки на контакт низ кој поминува струјата, е еднаков или помал од 4600 оми, струјниот удар има голема
можност  да биде смртоносен, особено ако двете точки на контакт се двете раце, т.е. струјата поминува од едната рака во другата низ градите и срцето.

Што  всушност се случува?
Наизменична струја која е еднаква или поголема од 50 m
А може да го доведе срцето во состојба наречена вентрикуларна фибрилација. Ова е состојба во која срцето не чука рамномерно и потполно и притоа крвта не циркулира низ телото и мозокот. Ако веднаш не се пристапи кон помош на жртвата на струјниот удар, смрта настапува за неколку минути. Кај многу силен струен удар може да настане до целосен прекин на работата  на срцето како и прекин на дишењето.
Еднонасочната струја е малку побезбедна во тој аспект, зошто треба многу поголема струја да протече за да настане вентрикуларна фибрилација.
Исто секој струен удар носи и други можности за повреда, изгореници, скршеници од пад доколку жртвата е на високо, на бандера, на скала и сл.

Како да се помогне на некој што е жртва од струен удар?
Прво, исклучете ја струјата, ако не можете да ја исклучите, отрнете ја жртвата од изворот на струјниот удар, со некој предмет кој е изолатор на пр. суво дрво-штица, пластика и сл.
Не допирајте ја жртвата со голи раце додека струјата е вклучена или жртвата е сеуште во контакт со изворот на струјниот удар затоа што и вие може да настрадате.
По ова дејство, проверете дали жртвата има пулс и дишење ако има и жртвата е во свесна состојба, најверојатно се е во ред.
Ако нема пулс и/или дишење и жртвата не е во свесна состојба, веднаш треба да се викне брза помош.
Доколку ги знаете постапките за прва помош кај настрадан од струен удар, како што се масажа на срцето и вештачко дишење, веднаш започнете.
Ако струјниот удар настанал како резултат на гром, важат истите правила за помош, со тоа што безбедно е да се допре жртвата веднаш, односно не постои ризик на струен удар за оној кој ја пружа помошта.
 
Неколку основни правила за заштита од струен удар:

Рацете секогаш нека ви бидат суви.

Никогаш не работете кога струјата е вклучена. Ова особено важи за 230 волти.

Ако некогаш мора да работите “под напон“, користете квалитетен, изолиран алат предвиден за таква работа. Исто со едната рака држете го алатот, додека другата ставете ја во џеб или зад грб. Со ваквиот начин на работа ќе избегнете ситуација на струен удар во кој струјата ќе протече од едната рака во другата и низ градите и срцето. Со ова и да доживеете струен удар нема да добиете вентрикуларна фибрилација. Исто така носете суви и добро изолирани чевли со гумен ѓон.

Бидете особено внимателни со уреди кои не користат трансформатор.

Внимавајте при работа со акумулатори, при краток спој задолжително доаѓа до изгореници и пожар, затоа што  акумулаторите даваат огромни количества на струја која брзо може да ги загрее проводниците до точка на топење.

Ова е основно и најважно правило од сите, "бидете внимателни."

Слушателите имале можност да се запознаат како да се однесуваат со електричните уреди, како во кујната, како во бањата, како во природата - кога се готви невреме. Предавачите беа премногу креативни. Со своите претстави предизвикале големо внимание, а измамиле и понекоја насмевка.

Нема коментара:

Постави коментар