Во рамките на „Детската недела“ денес во ООУ „Димитар Миладинов“ Општина Центар
- Скопје се одржа свечен прием на првачињата во Детската организација. На приемот
присуствуваа првачињата со своите наставнички и другарчињата од петтите и
шестите одделенија кои им подготвија интересна приредба. Првачињата дадоа
свечена заклетва со која ветија дека вредно ќе учат и работат.