Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

субота, 14. фебруар 2026.

Центар за талентирани ученици во ОУ „ Димитар Миладинов“ во Општина Центар



ИЗВЕСТУВАЊА ОД  УЧИЛИШТЕ; ОПШТИНА; МЕДИМИ:

УЧИЛИШТЕ:

Центар за талентирани ученици, како резултат на меѓуопштинската соработка меѓу општините Центар, Карпош и Кисела Вода. Носител на овој проект е Општина Центар преку Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнерски општини се Карпош и Кисела Вода.

Центарот за талентирани ученици ќе овозможи вмрежување меѓу талентите од трите општини, размена на знаења и искуства, стекнување на нови вештини и подготовка на младите за домашни и меѓународни натпреварувања.

Реализирани се три фази и тоа: проектна документација, реконструкција на објектот, набавена е стока за опрема на кабинети со вкупна вредност од 5.526.318 мкд.

Центарот располага со површина од 120 квадратни метри и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија и лабораторија за уметности.

Просторот е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето.

Овој Центар за талентирани ученици е прв во главниот град и има исклучително значење за талентираните ученици кои немаат катче каде ќе можат да ги развиваат и усовршуваат своите таленти, знаења и способности.

Учениците во ова катче можат да работат со своите наставници, додека трошоците за редовните комуналии за просторот, струјата и парното ќе ги покриваат сите три општини заедно.

Центарот за талентирани ученици ќе влезе и во креирањето на општинските буџети со цел талентираните ученици да го градат и развиваат својот талент и во наредните години.

Општина Центар исто така обезбедува и одговорно лице кое ќе се грижи за Центарот за истиот да им служи уште долги години на учениците кои поседуваат одреден талент.

ОПШТИНА:

5/10/2023| Образование| Уредник

Центар за талентирани ученици се отвора денеска во ОУ „ Димитар Миладинов“ во Општина Центар. Станува збор за меѓуопштинска соработка меѓу Општина Центар, Карпош и Кисела Вода.  Центарот располага со површина од 120 m2, и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, био-хемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Просторот е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека оваа меѓуопштинска соработка може да биде корисна и перспективна за талентираните ученици од сите три општини.

„Центарот за работа со талентирани ученици е идеја која подолго време ја чека своја реализација во Општина Центар. И навистина ме радува што оваа меѓуопштинска соработка, оваа активност може да биде навистина корисна и перспективна за талентираните ученици од сите три општини.

Мене ми е навистина мило што Општина Центар и општините Карпош и Кисела Вода се водечки општини во формирање на ваков Центар, односно катче за нашите талентирани ученици да го развиваат и надградуваат својот талент. Верувам дека овде учениците ќе поминуваат убаво и квалитетно време, ќе се градат и развиваат и достојно ќе ги претставуваат нашите општини и државата на меѓународните натпревари. Ви посакувам убава дружба, личен развој и успешни кариери“, им порача Герасимовски на учениците.

Овој Центар за талентирани ученици е прв центар во главниот град и има исклучително значење за талентираните ученици, кои немаат катче, каде можат својот талент, знаење и способности да ги развиваат и усовршуваат. Во ова катче учениците ќе работат со своите наставници, трошоците за редовните комуналии за просторот (вода и интернет), струјата и парното ќе ги подмирува училиштето, а материјалните трошоци ќе ги покриваат сите три општини заедно. Центарот за талентирани ученици ќе влезе и во креирањето на општинските буџети со цел талентираните ученици да го градат и развиваат својот талент и во наредните години. Општина Центар исто така обезбедува и одговорно лице кое ќе се грижи за Центарот за истиот да им служи уште долги години на учениците кои поседуваат одреден талент.

ВЕСНИЦИ:

Центар за талентирани ученици се отвора денеска во ОУ „ Димитар Миладинов“ во Општина Центар.

Станува збор за меѓуопштинска соработка меѓу Општина Центар, Карпош и Кисела Вода.

Центарот располага со површина од 120 m2, и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, био-хемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Просторот е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека оваа меѓуопштинска соработка може да биде корисна и перспективна за талентираните ученици од сите три општини.

„Центарот за работа со талентирани ученици е идеја, која подолго време ја чека своја реализација во Општина Центар. И навистина ме радува што оваа меѓу општинска соработка, оваа активност може да биде навистина корисна и перспективна за талентираните ученици од сите три општини. Мене ми е навистина мило што Општина Центар и општините Карпош и Кисела Вода се водечки општини во формирање на ваков Центар односно катче за нашите талентирани ученици да го развиваат и надградуваат својот талент. Верувам дека овде учениците ќе поминуваат убаво и квалитетно време, ќе се градат и развиваат и достојно ќе ги претставуваат нашите општини и државата на меѓународните натпревари. Ви посакувам убава дружба, личен развој и успешни кариери“, им порача Герасимовски на учениците.

Овој Центар за талентирани ученици е прв центар во главниот град и има исклучително значење за талентираните ученици, кои немаат катче, каде можат својот талент, знаење и способности да ги развиваат и усовршуваат. Во ова катче учениците ќе работат со своите наставници, трошоците за редовните комуналии за просторот (вода и интернет), струјата и парното ќе ги подмирува училиштето, а материјалните трошоци ќе ги покриваат сите три општини заедно. Центарот за талентирани ученици ќе влезе и во креирањето на општинските буџети со цел талентираните ученици да го градат и развиваат својот талент и во наредните години. Општина Центар исто така обезбедува и одговорно лице кое ќе се грижи за Центарот за истиот да им служи уште долги години на учениците кои поседуваат одреден талент. 




Повеќе од две години никој не влезе во центарот. 
Мувла и влага се вселија во прескапата инвестиција во која требаше да се вселиме ние – да ја амортизираме, да истражуваме, да откриваме. 
Проект што го создадов со неколку мои колешки, кој виде светлина без притоа некој да нè спомне. 
Во неколку наврати побарав да влезам со мојата секција, но тоа не ми беше дозволено од директорката. 
Подоцна видов фотографии од расцветана мувла - модрозелена, со бели топчиња како глуварчиња. 
Белким ќе се најде некој расположен за работа, кој ќе го залечи и ќе го активира ова огромно, модерно уредено катче за малите таленти.


Славиме наука вон центар :(



недеља, 10. август 2025.

Реализирано во учебната 2024/2025

 

Известување за реализираните активности во учебната 2024/2025 година

Во текот на учебната 2024/2025 година, со посветеност и ентузијазам ги реализиравме планираните активности, кои донесоа многу знаење, искуства и успеси за нашите ученици.


Митровденски фестивал на наука

 Учебната година ја започнавме со подготовки за Митровденскиот фестивал на наука и Школата „Млади физичари“. Попатно, многу им се израдувавме на наградите добиени за eTwinning проектите од минатата година. Фестивалот помина во инспиративна атмосфера, збогатен со учество на многубројни online и onsite гости, кои дополнително го збогатија настанот.

Школа „Млади физичари“ – 46-та по ред

На 15 ноември 2024 година, на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, учествувавме на 46-та Школа „Млади физичари“. Нашите ученици постигнаа одлични резултати:

- 8 втори места

- 10 трети места

 Овие награди се признание за нивниот труд и истрајност.


Европска седмица на кодурање

По натпреварот, се вклучивме во Европската седмица на кодурање. Учениците од VIII одделение одржаа креативни работилници за помалите ученици. Преку пиксел - арт и други интерактивни активности, го одбележавме и Денот на јаболкото на забавен и едукативен начин.


Зимски активности

Организиравме работилници за подигнување на свеста за штетноста од употреба на пиротехнички средства.


Божиќен фестивал на наука

Во рамките на Божиќниот фестивал на наука, имавме соработка со многу земји ширум светот, овој настан беше инициран од Министерството за образование на Германија, а ние дадовме придонес и со сопствен онсајт фестивал.


Безбедност и благосостојба

Планиравме активности насочени кон унапредување на безбедноста и благосостојбата на учениците и наставниците. Овие активности беа интегрирани како дел од воннаставните програми, во рамките на меѓународен проект за медиумска писменост и eTwinning проекти.




Предавања од наши поранешни ученици

Во улога на предавачи ни се придружија нашите поранешни ученици – Марија Станкова и Димитар Караташев, кои одржаа интересни и корисни предавања за вештачка интелигенција и медиумска писменост.


Недела на информатиката 2025

Учениците од VIII-в беа носители на активностите за одбележување на Неделата на информатиката (10–14 февруари 2025). Во таа прилика го одбележавме и Денот за побезбеден интернет, со темата: „Предобро за да биде вистинито – да се заштитиме од онлајн измами“.


Акција за чистење на училишниот двор

По повод 8-ми март, учениците од VIII одделение организираа акција за уредување и чистење на училишниот двор.


14 март – Ден на математиката

Со креативни активности го одбележавме 14 март -Меѓународниот ден на математиката, Денот на бројот π, и роденденот на Алберт Ајнштајн.


22 април – Ден на планетата Земја

 Со уште еден фестивал на наука и отворени часови, го прославивме Денот на планетата Земја.


Денови на електротехника 2025

 Успешно учествувавме и оваа година. Освоивме трето место како им, а имавме и најдобар индивидуален натпреварувач.



Натпревари во решавање задачи

Нашите ученици беа најдобри и на регионалниот и на државниот натпревар по решавање задачи. Филип Хаџи Велков - и оваа година - државен првак!


Проекти и иновации

Завршивме 6 меѓународни проекти, од кои 4 беа eTwinning, чии резултати ги очекуваме до септември. Посебно сме горди на учеството во проектот „Македонија 2025“ каде се здобивме и споделивме искуства и знаење од областа на природните науки како и проектот "Светски ден на животната средина – Размена на најдобри практики во заштита на животната средина", сработен со другарите од Рoмaнија.


Физика - наша силна страна

Како и секогаш, физиката беше поле на големи успеси, како  во експериментирањето, така и во решавањето задачи. Проектните активности ги имплементиравме во наставата и сите навремено ги завршивме со одлични продукти.

Во 2024/2025 година предавав на 100 ученици. Сите ученици добија преодни оценки (13 со оценка „доволен“, 21 со оценка „добар“, 11 со оценка „многу добар“ и 55 со оценка „одличен“), со средна оцена од 4,08 во сите одделенија. Годината ја започнав со дисциплинска постапка, а ја завршив со поднесена "анонимна" претставка.

Голема благодарност  на сите ученици, родители и соработници за извонредната учебна година.

Продолжуваме со уште поголема мотивација и во следната учебна година!

уторак, 7. јануар 2025.

Carbon Footprint #STEM

ИНСПИРАТИВНО:

Go to this Sway


CODE WEEK 2024

https://dimitrovci.blogspot.com/2024/10/cyber-bullying.html



Go to this Sway
Go to this Sway



четвртак, 26. септембар 2024.

среда, 22. септембар 2021.

Интернационален Ден на мирот 2021

 

Нема пат за мир. Мирот е патот.

ООУ Димитар Миладинов



Предметните наставници со осмите и деветтите одделенија го одбележаа Денот на мирот со садење дрвја. Засадивме 6 дрвца (1 костен и 5 јавори).
Уште во 1981 година Генералното собрание на Обединети нации прогласи Меѓународен ден на мирот. Во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше прогласен 21 септември.
Резолуцијата вели: „Меѓународниот ден на мирот е ден за глобално прекинување на огнот и за ненасилство, покана до сите нации и луѓе на тој денот да ги прекинат сите непријателства...“
„Ги повикува сите земји членки, организации во системот на Обединетите нации и невладините организациии, сите лица на соодветен начин да го одбележат Меѓународниот ден на мирот, вклучувајќи образовни активности и подигање на јавната свест, како и соработка со Обединетите нации во воспоставување на глобално прекинување на огнот.“
Овој ден нуди можност поединците, организациите и нациите на ист ден да изведат практични активности за мир. На овој ден, милиони луѓе учествуваат на настани како што се концерти, работилници и собири за мир.
Нашето училиште, ООУ “Димитар Миладинов”, Општина Центар Скопје, повеќе од две децении Денот на мирот го одбележува со садење дрвја.












петак, 15. јун 2018.

Предизвик за млади истражувачи

Фонд за иновации и технолошки развој
Предизвик за млади истражувачи

Иновација претставува добро кое произлегува од претходен процес на согледување на актуелната состојба и подобрување на истата преку користење на разни техники и методи со кои се доаѓа до задоволување на некои дотогаш непознати барања.
Постојат шест типови на иновации:
радикални иновации,
инкрементални иновации,
иновации на производот,
иновации на процесот,
организациони иновации и 

маркетинг.