„Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

петак, 2. мај 2014.

Сакаме шарен, а не безбоен свет


“Сакаме шарен, а не безбоен свет” -  2014

Општина Центар четврта година ја организира манифестацијата во соработка со Британскиот совет, Комисијата за еднакви можности, Секторот за образование, млади и спорт, а се реализира од седумте основни училишта во општина Центар.
На манифестацијата  децата ги претставија традицијата, културата, музиката на сите единаесет народи и народности: македонската, албанската, српската, црногорската, хрватската, турската, босанската, влашката, ромската, еврејската и ерменската.

субота, 22. март 2014.

Македонија земја на цвеќето – земја на розите


По повод традиционалните „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ од 21 до 25 март, Министерството за животна средина и просторно планирање оваа година организираше голема акција за засадување на садници на рози на булеварите и на другите зелени јавни површини на целата територија на Македонија.
Учениците од ООУ "Димитар Миладинов" Општна Центар - Скопје, на 21 март се  вклучиа во акцијата преку ревиална изложба на изработените креативни творби под мотото „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, која  се одржа во училишниот двор, од 10 до 12 часот.
Покрај ревиалната изложба спроведовме акција за собирање на стара облека, изложба на домашните миленичиња и засадивме неколку садници од бели и црвени рози.