Во рамките на кампањата „Науката и Јас“, што се
реализира како дел од програмата за влијание на заедницата на Џонсон Мети, со
задоволство ја претставуваме инспиративната приказна на Аида Петровска –
наставник ментор при ООУ „Димитар
Миладинов“ од Скопје.
Аида е доказ дека науката не е само професија – таа е начин на живот. Со нејзината страст за физика, таа секојдневно ги инспирира своите ученици да гледаат подлабоко, да прашуваат повеќе и да бидат храбри во потрагата по одговори.
Еве ја нејзината мотивациска порака до сите основци: “Науката не е само формули и факти – таа е клучот што ги отвора вратите кон нови светови. Биди љубопитен, прашувај, истражувај и можеби токму ти ќе ја отвориш вратата кон посветла иднина за сите нас. Науката започнува со едно ‘зошто’, а продолжува со твојата храброст да најдеш одговор.„
Аида ја раскажува и својата лична приказна: “Науката ме научи да бидам трпелива, да прашувам, да проверувам информации и да не прифаќам сè што ќе слушнам без докази. Така, не само што научив да решавам проблеми, туку и како да бидам човек кој не се откажува и секогаш бара вистина.
Со науката стануваме подобри, почесни, поистрајни и поискрени – кон светот и кон самите себе.
Затоа, мој совет до сите ученици: биди љубопитен, истражувај и никогаш не се плаши да прашуваш. Науката е патот кој те води кон твоите соништа и кон посветла иднина.

Нема коментара:
Постави коментар