Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

четвртак, 7. новембар 2013.

Традиционален oдбојкарски натпревар: ученици - наставници ООУ "Димитар Миладинов"

ПОБЕДНИЦИ 2011/2012
ПОБЕДНИЦИ 2012/2013
На Митровден се слави патрониот празник на нашето училиште ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар - Скопје.
Прославата се состои од приредбата и многу други  ученичко - наставнички манифестации со едукативен и забавен карактер. Една од тие манифестации е и одбојкарскиот натпревар, ученици – наставници. 
Верувам дека знаете кои се победниците :)
ПОБЕДНИЦИ 2013/2014

уторак, 5. новембар 2013.

КВИЗОТЕКА - 2014 - ДКЦ „Карпош“


КВИЗОТЕКА - 2014 е од општи знаења и познавања, започнала на 16. октомври 2013 година, а ќе трае до месец мај 2014 година. Натпреварите започнуваат секогаш во 12,00 часот,  асе одржуваат во ДКЦ „Карпош“. Покрај образовно воспитната компонента, КВИЗОТЕКАТА е забавно рекреативна игра што носи вредни награди, како што е летување за најуспешните и други вредни награди.
05.02.2014
05.02.2014

уторак, 29. октобар 2013.

Денот на гладта и Светски ден на храната

Светскиот ден на храната се одбележува на 16. октомври, во целиот свет, на денот на основањето на Организацијата за исхрана и земјоделство (ФАО).
ФАО на 16. октомври 1945 година во Квебек го основале ОН со цел за подобрување на нивото на исхраната и стандардите, како и за унапредување на земјоделското производство и живото во селските заедници. ФАО брои 194 земји членки.
Светскиот ден на храната е прогласен на 20. конференција во 1979. година, за да се потсети важноста на храната, пороблемот со недостиг на храната во светот и борбата против гладта, како и на фактот дека се уште во светот нема доволно храна за сите.

Според податоците на ОН, секој седми човек на светот не знае дали ќе има доволно храна за да го преживее денот, повеќе од 900 милиони луѓе во светот гладуваат, а две милијарди се неухранети.

четвртак, 10. октобар 2013.

Детска недела 2013/2014 ООУ "Димитар Миладинов"


Во рамките на „Детската недела“ денес во ООУ „Димитар Миладинов“ Општина Центар - Скопје се одржа свечен прием на првачињата во Детската организација. На приемот присуствуваа првачињата со своите наставнички и другарчињата од петтите и шестите одделенија кои им подготвија интересна приредба. Првачињата дадоа свечена заклетва со која ветија дека вредно ќе учат и работат.