Европски хепенинг |
По повод 9 Мај – Денот на Европа и годинава Општина Центар традиционално го организираше европскиот хепенинг кој годинава се одржа на 17 мај. |
Ден на победа над Фашизмот
Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај 1945 година. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишале фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишале рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер. Од над 50-те милиони жртви, дури 20 милиони биле од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари. На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба. Што всушност е фашизмот?
Фашизмот е радикална политичка идеологија и државно уредување на екстремната десница што комбинира елементи на корпоратизам, авторитаризам, национализам, милитаризам, анти-анархизам, анти-комунизам и анти-либерализам.
Зборот „фашизам“ доаѓа од италијанскиот збор „фашио“ (fascio), што означува „сноп“ (во политичка или воена група или во нација), но исто така од фашите (прачки заврзани како цилиндар околу секира), антички римски симбол на авторитетот на магистратите.
Најпрецизно, терминот произлегува од „фашо“ (множ. фаши) - збор кој бил многу популарен во Италија по 90-тите години на 19 век, а означувал најразлични (најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои полулегално дејствувале во италијанското општество.
Оригиналното фашистичко движење се појавило во Италија во 1919 година (Fasci di combattimento - Боречки фаши) и владеело со земјата од 1922 од 1943 под водството на Бенито Мусолини. Ова е всушност потесното значење на зборот фашизам, кое главно го користат историчарите.
Со време генеричкиот термин фашизам почнал да означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии и политички системи. Најпознатите вакви партии, создадени по Првата светска војна се: во Германија – Национална Социјалистичка Германска Работничка Партија (Нацисти) под водството на Адолф Хитлер, Унгарија - Партија на Стрелестиот Крст, Романија –Железна Гарда, Шпанија - Фалангисти, како и француските политички движења предводени од поранешните социјалисти - Марсел Деа, Жак Доро и други.
Карактеристично за сите нив е силното потпирање на државната моќ, економијата базирана на големите корпорации, авторитарното укинување на граѓанските права и слободи, воведувањето на полициска држава, ксенофобијата, истакнувањето на националистичкиот дух и општо, реакционерната внатрешна и експанзионистичката надворешна политика.
Понекогаш фашизмот се употребува како синоним на нацизмот. Некои автори ја отфрлаат пошироката употреба на терминот фашизам или исклучуваат некои од овие партии и режими.
Фашизмот, наспроти либералистичкиот индивидуализам и социјалистичкиот интернационализам, заговара воспоставување на заедница како услов и облик на совладувањето на кризата. Заедницата е единствена, органски расчленета држава (италијански фашизам) или единство гарантирано со крв и земја (германски фашизам).
Единството на нациите се воспоставува со крвната чистота на истата. Сите разлики (културни, верски, политички и сл.) треба да се укинат затоа што тие го доведуваат во прашањето темелот на заедништвото. Теророт е легитимно средство за постигнување на „заедништво“.
Во најшироката смисла на зборот, во политичкиот лексиокон, „фашизам“ денес се користи како пејоративен термин со кои се етикетира некој режим, институција или поединец како репресивен.
Нема коментара:
Постави коментар