„Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

среда, 19. децембар 2012.

Кошаркарски натпревари Општина Центар Скопје - ФИНАЛЕ

13.12. 2012
ООУ "Гоце Делчев"
ООУ "11 Октомври" -  1. МЕСТО
ООУ "Кочо Рацин" - 2. МЕСТО
ООУ "Јохан Хајнрих Песталоци" - 3. МЕСТО
Им честитаме на победниците <3

петак, 14. децембар 2012.

Сценарио за театарска претстава: “КАЛЦИУМ”



КАЛЦИУМ

Тале: Откриен е од Хемфри Дејви во 1808 година. Тој е мек, сив земноалкален металкој се користи како редукционен агенс. Во екстракцијата на ториумот, циркониумот и ураниумот. Ви го претставувам калциум!
Матеј: Јас сум  хемиски елементво периодниот систем со симбол Ca и атомски број 20 и  петтиот најзастапен елемент во Земјината кора. Јас сум есенцијален за живите организми, а особено место завземам во нивната клеточна физиологија и сум најзастапениот метал во многу животни.

 Тале: Калциумот може преку електролиза да се екстрахира од калциум флуоридот. Гори со жолтоцрвеникав пламен и формира бела нитридна покривка кога е изложен на воздух.

 Матеј: Да се споиме!

БОРБА – создавање на калциум оксид и калциум карбонат
Тале: Победник калциум ! Реагира со водата, притоа заменувајќи го  водородот и  формирајќи калциум хидроксид. Неговиот оксид е калциум оксид и кога реагира со јаглероден диоксид и формира калциум карбонат.
Соединенијата на калциумот учествуваат во изградба на скелетот на организмите. Калциумовите јони учествуваат во размената на материи и влијаат врз правилната работа на срцето.Тие го помагаат и процесот на згрутчување на крвта при крварења. Поради тоа, многу е важно во исхраната да се внесуваат доволно намирници кои содржат калциум, како што се млекото, млечните производи и различните зеленчуци.
Матеј: А и не заборавај. Големи количества од мојот варовник се користат за добивање на негасена вар, а од неа гасена вар која е основна суровина за добивање малтер. Малтерот е смеса од вар, песок и вода. Малтерот наоѓа голема примена во градежништвото. Гипсот се користи, исто така, во градежништвото и во вајарството.
А сега последната битка!

БОРБА  - создавање на Калциум хидроксид
                                                                  
КРАЈ

Изработиле и одиграле:

Матеј Голубовиќ  и Трајче јакимовски VIIIa

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:

Овие млади актери со својата игра и креативност, најсложените наставни содржини ги прават лесни и интересни. Својот талент го искористуваат да го разберат материјалот и да им помогнат на другите. Виновници се за многу свои и туѓи петки <3

среда, 12. децембар 2012.

Корупција - ја сечеш гранката на којашто седиш


Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со Центарот за граѓански комуникации, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука, го спроведува проектот „Антикорупциска едукација на учениците од основните училишта“. Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Македонија. Во насока на преземање конкретни чекори за реализација на активноста посветена на антикорупциска едукација на наставниците по предметот граѓанско образование, а со цел ефикасно спроведување на „Програмата за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта“, Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со надворешните соработници – експерти ангажирани за реализација на проектот, на 20.10.2012 година реализираше обука за наставниците кои изведуваат настава по предметот граѓанско образование во четирите основни училиштата опфатени со проектот-„Димитар Миладинов“ и „Јан Амос Коменски“ од Скопје, „Гоце Делчев “од Гостивар и „Ванчо Прке“ од Штип.


Со мотото „Корупција - ја сечеш гранката на којашто седиш“ се објаснува дека корупцијата не познава пол, вероисповед, нација, професија, возраст, граници, степен на образование, нагласувајќи дека таа е негативен дел од денешницата и од неа треба да се
заштитиме. Целите кои ги вклучува програмата за антикорупциска едукација, посветена на учениците од основните училишта, е тие да бидат запознаени со одредени поими, односно преку одредени активности да разберат за корупцијата и антикорупцијата, да
анализираат ситуации, личности и настани поврзани со корупцијата, да се стават во друга ситуација и преку совладување на материјата да станат активни граѓани, коишто ќе придонесат кон развојот на модерното демократско општество.

Програмата за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта ќе опфати:
а) предавања за запознавање на учениците со поимите, можностите за заштита и превентивно делување кон корупциските активности;
б) работилници за антикорупциска едукација на учениците, со чија помош истите ќе бидат ставени во активна ситуација, во која ќе земат учество;
в) пополнување на прашалници од учениците пред почетокот на проектот и по неговото завршување;
г) запознавање на пошироката јавност со активностите поврзани со борбата против корупцијата преку работата на учениците;
д) организирање на натпревар за учениците за најдобра творба поврзана со антикорупциската едукација;
ѓ) антикорупциска едукација на наставниците, коишто ќе го спроведуваат проектот во основните училишта, но и на оние коишто работат секојдневно со учениците;
е) покана и учество на личности поврзани со борбата против корупцијата.

ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА
1. Општи цели
Ученикот/ученичката е потребно:
- да се запознае со поимите корупција, антикорупција, интегритет и етичност;
- да се запознае што значи „одолевање на социјален притисок“;
- да знае за облиците во кои може да се појави корупцијата и начинот на спречување и заштита од истата;
- да ги препознава механизмите за спречување на корупцијата;
- да го сфати штетното влијание на корупцијата во општеството;
- даја сфати улогата на Државната комисија за спречување на корупција во Република Македонија и механизмите преку кои таа делува;
- да анализира како и каде може да се појави корупцијата и на кој начин може да се спречи истата;
- да се стави во ситуација, во која ќе има активна улога, преку која ќе разбере за антикорупцијата и за потребата од антикорупциска едукација и
- да се стави во улога на активен граѓанин, кој ќе придонесе за развојот на Република Македонија.

1. Поими
Корупција, антикорупција, интегритет, етичност, социјален притисок, механизми за спречување на корупцијата, Државна комисија за спречување на корупција, пари, подароци, облека, храна, услуги.
2. Објаснување на поимите
Корупцијата за општеството претставува исто што и црвот во јаболкото. Таа ги заобиколува чесноста и праведноста, ги форсира тие што со помоштана парите или вршејќи други услуги си „купуваат“ оценки во училиштето, место во училишниот тим,
поубаво работно место или некаква повисока општествена положба. И покрај тоа што постојат луѓе кои со своето знаење, труд, залагање, умешност и вештини се подобри од нив, и според сите правила тоа го заслужуваат, заради претходно споменатите не можат да го добијат посакуваното.
Антикорупција претставува активност или борба која е насочена кон оневозможување на корупцијата, односно борба за еднаквост на сите. Во образованието, оценувањето на знаењето се врши јавно на час, пред сите ученици. Секој има право да знае која оценка се добива според бројот на поени на направениот тест, секој може да побара и даоствари увид на сопствените грешки во писмената работа или со други зборови – секој може да бара еднаков однос на наставникот и на општеството. Меѓу другото, тоа се мерки на антикорупција.
Интегритетот ја прикажува подготвеноста на поединецот да се спротивстави или да не го прифати лошото. Поинаку кажано, поединецот којшто е отпорен на лошото - велиме дека
е личност со интегритет.Етичност претставува личен однос кон прашањата кои се однесуваат на доброто и лошото. Тој којшто секогаш е подготвен да го избере доброто како сопствен начин и стил на живеење, однесување и комуницирање, велиме дека е етичен или човек со високи морални вредности и квалитети.
Социјалниот притисок го создаваат луѓето од поблиското и поширокото опкружување, како резултат на културата, навиките, обичаите и законите во општеството. Тој притисок се доживува како некакво очекување од средината, поединецот нешто да стори или да се откаже од нешто како резултат на споменатите фактори. Механизми за спречување на корупцијата се оние институции и органи во државата кои имаат право и должност да преземаат мерки за откривање на корупција, пронаоѓање, фаќање и соодветно казнување на корумпираните лица.
Тоа се Државната комисија за спречување на корупцијата, полицијата, јавното обвинителство, судовите. Најзначајно од сè е нивната соработка со граѓаните. Државната комисија за спречување на корупцијата е тим од стручни луѓе, кои планираат превентивни мерки за спречување на корупцијата, а со документите што ги носат ги задолжуваат сите институции во државата да спроведуваат антикорупциски мерки. Парите се средство за купување на производи, но во одредени (коруптивни) случаи и за купување на оценки, работно место или повисока положба во општеството.
Подароците претставуваат материјално или нематеријално добро, кои најчесто се даваат во знак на внимание, но кај корупцијата отсликуваат вредност - некој да стори нешто за поединецот што тој не го заслужува, или да му даде нешто што не му припаѓа. Како материјални добра може да ги посочиме парите, облеката, храната, парфемите и останато што е опипливо. Во нематеријално добро се вбројува вид на услуга којашто ќе му овозможи на некое лице побрзо да напредува, да добие нешто што не му припаѓа или не смее да го има.
Стоп за корупцијата – создава нееднаквост, ги намалува можностите на немоќните, ги форсира неспособните, го спречува развојот.


уторак, 11. децембар 2012.

ХИВ - СИДА


Младите на Црвен крст на РМ организираат работилници во образовните институции со ученици на кои им се пренесуваат информации за видот, опасностите, симптомите, последиците и начинот на превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции користејќи посебни вештини со кои побудуваат љубопитство и интерес кај учениците и на тој начин ги постигнуваат целите.


Што научивме од нашите едукатори?


Се проценува дека над 38 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ или СИДА. Половината од новите случаи се млади луѓе од 15-24 години. Во некои делови на светот, стапката на инфекцијата со ХИВ и СИДА рапидно расте и СИДА-та претставува главна причина за заболување и смртност.

Во нашата земја инфекцијата со ХИВ сеуште не е така честа.

Што е ХИВ вирус - вирус на СИДА?


ХИВ е скратеница за хуманиот вирус на имунодефициенција (Human Immunodeficiency Virus). Тој го напаѓа имунолошкиот систем кај човекот, поради што организмот станува неспособен да се бори и против обичните инфекции.

Сида (синдром на стекнат недостатот на имунитет) или AIDS (Acquired Immuno-Deficiency Syndrome) е термин кој се користи кога имунолошкиот систем на едно лице е толку оштетен со ХИВ вирусот што бројот на крвните елементи за борба против инфекциите т.н. помагачи на Т лимфоцитите (CD4 клетки) паѓа од 800-1050 на помалку од 200 по милилитар на крв во крвотокот.

Пациентот е тогаш подложен на бројни инфекции и на крај умира како последица на болести, против кои неговиот имунолошки систем не може да се бори.

Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имуниот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.

Преку што се добива ХИВ?


Сидата се добива ако една од овие заразени телесни течности дојде во допир со крвта:

·       крв,

·       семена течност,

·       вагинална течност,

·       мајчино млеко.

Најчести начини на пренесување:

·       било кој вид на сексуален однос, вклучувајќи го оралниот и аналниот,

·       заедничка употреба на било кој вид на игли, вклучувајќи ги оние за дрогирање, бушење на ушите и тетовирање,

·       трансфузија на крв,

·       во тек на бременост или доење, вирусот на ХИВ може да се пренесе на бебето.

ХИВ може да се пренесе со сексуален контакт (анален или вагинален), ако при тоа не се превземат мерки на заштита. Инфицирана сперма, вагиналните секрети вклучувајќи ја и менструалната крв може да навлезат преку мали гребнатинки (абразии) во организмот на партнерот.

Аналниот секс се смета за високо ризичен.

Вагиналниот секс носи ризици за пренесување на ХИВ преку семената течност или гениталниот секрет.

Оралниот секс е ризичен бидејќи ХИВ може да премине од вагиналниот секрет или семената течност во устата во која можеби има рагади или ранички.

Инфекцијата може да се пренесе преку употреба на заеднички игли бидејќи клетките кои го содржат вирусот може да се сеуште присутни на иглата, без да може да се видат.

За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација. Ова се однесува на секоја опрема со која поради било која причина се нарушува интакноста на кожата (бушење уши, тетовирање, акупунктурни игли, инравенска употреба на дрога и др.).

Во минатото ХИВ можел да се пренесе и преку трансфузии. Од 1985 година, целокупната донирана крв и органи во нашата земја (и во други земји) се тестира на ХИВ и веќе не е можен преност на ХИВ на тој начин.

Жени кои се ХИВ позитивни може да го пренесат вирусот на нивните бебиња во тек на бременоста, породувањето или во тек на доењето.

Банките на сперма исто така се тестираат на ХИВ.

Преку што не може да се добие ХИВ?


ХИВ не се пренесува преку секојдневните социјални контакти. Сидата неможе да се пренесе:

·       преку ракување или допирање или преку обично бакнување на ХИВ позитивни лица,

·       преку убод на комарец или инсекти,

·       ако го делите домот со ХИВ позитивно лице,

·       ако работите или одите на училиште со лице кое е ХИВ позитивно,

·       ако донирате крв,

·       преку клозетски шољи, кваки на вратите или преку шољи за кафе.

ХИВ не може да живее долго надвор од организмот. Само по една минута престој надвор од организмот, ризикот за да се инфцирате со ХИВ е многу мал. Вирусот лесно се уништува со сапун и вода , обични дезифициенси или со сушење.

Како делува ХИВ во организмот?


ХИВ го напаѓа имуниот систем, чија улога е борба против инфекција и спречување на растот на повеќето карциноми. Кога ХИВ ќе го нападне имуниот систем, во организмот настанува борба помеѓу имуниот систем и ХИВ, која може да трае повеќе години. Вo тој период, инфицираните луѓе не чувствуваат никакви симптоми. Со поминување на времето, доаѓа до оштетување на имуниот систем и тој веќе не може да работи така добро како што работел (не може ефикасно да се брани од инфекции). Инфекциите стануваат потешки (на пример наместо обична настинка, таквото лице ќе добие пневмонија). Исто така, лицата заболени од сида имаат поголем ризик за развој на малигни заболувања. Се смета дека причината за вака зголемениот ризик е намалениот имунитет.

Како да знаете дали имате ХИВ?


Тестирање на крвта


Тестирањето на крвта ќе покаже дали се присутни антитела на ХИВ, односно дали некое лице е ХИВ позитивно – не постојат клинички знаци кои ќе ви укажат на тоа. Вакво тестирање кај нас може да се направи на Клиниката за инфективни болести.

По инфекцијата со вирусот, најчесто се потребни 2-3 месеци за да се создадат антитела, кои можат да се утврдат со тестот. Антителата на вирусот ХИВ, во поголем број на случаи, се откриваат по 6 до 12 недели по инфицирањето со ХИВ вирусот, а за 6 месеци се откриваат кај 95% од заразените лица.

Можно е, лицето да е инфицирано (да го има вирусот во организмот) пред да тестот на крвта го покаже тоа.

Третман на ХИВ


Сеуште нема ефикасен и специфичен лек, ниту вакцина за ХИВ.

Постојат многу лекови кои се користат во лекувањето на овој вирус. Тие го ублажуваат и забавуваат текот на болеста, но сеуште не постои лек или вакцина за целосно излекување од оваа болест Овие лекови имаат многу несакани ефекти.

Во последно време, во светот и во нашата земја се применуваат антиретровирусни лекови, кои имаат одредено влијание на вирусот.

На ова поле, во светот се работи многу и веројатно е дека во иднина ќе се создаде можност за уште поефикасно лекување.

Во меѓувреме, се применува терапија која овозможува инфицираните лица да останат здрави, колку што е можно подолго. За таа намена се даваат повеќе лекови, со кои се зајакнува имуниот систем.

Исхраната треба да е квалитетна а инфицираното лице треба да е физички активно.

Некои веруваат во алтернативните терапии, како масажа, реики и акупунктура.

Жените со ХИВ имаат намален имунитет и поради тоа полесно го прифаќаат HPV вирусот, кој од своја страна е одговорен за појавата на рак на грлото на матката. Научниците сметаат дека имуниот систем е одговорен за елиминацијата и забавување на прогресијата на канцерските клетки. Поради тоа, ракот на грлото на матката кај жени со истовремена ХИВ инфекција напредува многу побрзо од истиот кај жена со нормален имунитет. Покрај ХИВ и други состојби кои доведуваат до слабеење на имуниот систем, исто така се проследени со зголемен ризик за појава на рак на грлото на матката.

Лицата кои се заболени од сида имаат поголем ризик за развој на различни видови на карциноми.

Како да се превенира ХИВ инфекција?


Како превенција на ХИВ инфекцијата е практикување на безбеден секс со правилна употреба на кондоми. Тоа го минимизира ризикот од ХИВ инфекција преку сексуален однос. Не секој сексуален однос е со подеднаков ризик за ХИВ инфекција. Така, аналниот секс се смета за високо ризичен, вагиналниот секс носи ризици за пренесување на ХИВ преку семената течност или гениталниот флуид, додека оралниот секс е ризичен бидејќи ХИВ може да премине од вагиналниот флуид или семената течност во устата во која можеби има рагади или ранички.

Затоа, секогаш внимавајте на мерките на безбедност при сексуалниот контакт.

Никогаш немојте да користите заеднички игли или прибор за инјектирање. За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација. Ова се однесува на секоја опрема со која поради било која причина се нарушува интакноста на кожата (бушење уши, тетовирање, акупунктурни игли, инравенска употреба на дрога и др.).

Треба да се внимава на пример ако некој крвари или со манипулацијата со медицинскиот отпад (игли).

ХИВ е заболување кое треба да се пријави во нашата земја. Тоа значи кога ќе се открие позитивен крвен тест, кој означува дека некое лице има ХИВ, тоа се пријавува во соответната служба во министерството за здравство. Се контактираат сексуалните партнери и им се даваат совети за безбеден секс.

Што е СИДА?


СИДА означува синдром на стекната имунодефициенција. Кога ХИВ долго време се борел со имуниот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза.

Кои се знаците за СИДА?


Најчестите знаци кои укажуваат дека ХИВ прогредирал во стадиум на СИДА вклучуваат:

·       ноќно потење- како резултат на ноќните температури,

·       постојано чувство на замор,

·       послабо помнење,

·       симптоми на грип, кои не поминуваат,

·       необјаснето нагло губење на телесна тежина,

·       бели печати во усната шуплина,

·       виолетови точки на кожата,

Важно: Луѓето со ХИВ вирус можат да бидат 8 до 10 години без никакви симптоми.

Симптоми на сидата кај жената


·       хронични вагинални габични инфекции,

·       абнормален ПАПА тест,

·       инфекција со ХПВ вируси или генитални брадавици.

Третман на СИДА


Во третманот се користат антиретровирусни лекови кои се усмерени против предизвикувачот (вирусот на СИДА) , како и други лекови, кои се применуваат во третманот на инфекциите и компликациите на болеста.

Како да се живее со ХИВ/СИДА?


Емоциите и реакциите кога луѓето ќе дознаат дека се ХИВ позитивни се движат од чувство на збунетост, лутина, вознемиреност, страв, паника, тага, депресија, самоубиствено расположение, неверување, чувство дека тоа не е фер.

Со време, повеќето луѓе стануваат способни да ја прифатат болеста и да научат да живеат со неа, стануваат посилни, со духот и емотивно. Сфаќајќи што е вистински важно во животот, го живеат животот во потполност. Луѓето кои се ХИВ позитивни, се соочени со тоа, како да им кажат на своите фамилии, пријатели и сакани. Тие многу често се соочени со дискриминација, преку игноранција и недостаточна едукација.