Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

четвртак, 3. октобар 2013.

Прошетка низ Зоолошката градина, Скопје

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман. Во истата 1926 година е предложена денешната локација која во тоа време опфаќала 4 ha површина, а Градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок.
Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед. Денес, градината е лоцирана на површина од 96.894 m² и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.

петак, 20. септембар 2013.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МИРОТ

ENO Tree Planting Day

Го одбележавме Денот на мирот, засадивме дрвја.
Уште во 1981 година Генералното собрание на Обединети нации прогласи Меѓународен ден на мирот. Во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше прогласен 21 септември.
Резолуцијата вели: „Меѓународниот ден на мирот е ден за глобално прекинување на огнот и за ненасилство, покана до сите нации и луѓе на тој денот да ги прекинат сите непријателства...“
„Ги повикува сите земји членки, организации во системот на Обединетите нации и невладините организациии, сите лица на соодветен начин да го одбележат Меѓународниот ден на мирот, вклучувајќи образовни активности и подигање на јавната свест, како и соработка со Обединетите нации во воспоставување на глобално прекинување на огнот.“
Овој ден нуди можност поединците, организациите и нациите на ист ден да изведат практични активности за мир. На овој ден, милиони луѓе учествуваат на настани како што се концерти, работилници и собири за мир.

Нашето училиште, ООУ Димитар Миладинов, Општина Центар Скопје, секоја година Денот на мирот го одбележува со садење дрвја.