„Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх
четвртак, 3. октобар 2013.
Прошетка низ Зоолошката градина, Скопје
Зоолошката градина Скопје е формирана
во 1926 од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко
Караман. Во истата 1926 година е предложена денешната локација која во
тоа време опфаќала 4 ha површина, а Градината располагала со скромен
број на животни кои претежно биле добиени како подарок. Со решение
на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во
1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го
добива денешниот изглед. Денес, градината е лоцирана на површина од
96.894 m² и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230
цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината
се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува,
одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни
за пошироката јавност.
Нема коментара:
Постави коментар