Курсот “Let’s code with eTwinning” е наменет за наставници кои сакаат да ги запознаат учениците со програмирањето и компјутерското размислување преку интересни, креативни и интерактивни активности.
Преку курсот се стекнуваат знаења за основите на програмирањето, неговото значење во современото образование и начините на кои може да се примени во наставата. Се истражуваат различни дигитални алатки, визуелни програмски јазици, едукативна роботика и вештачка интелигенција. Посебен акцент се става на развивањето на креативноста, логичкото размислување, решавањето проблеми и тимската работа кај учениците.
Наставниците имаат можност да се запознаат со иницијативата EU Code Week, да разменуваат идеи и искуства со други наставници и да осмислуваат заеднички eTwinning проекти поврзани со програмирањето. Преку практични активности и примери се учи како програмирањето да се интегрира во различни наставни предмети и да се направи учењето поинтересно и покреативно.
Курсот се
реализира онлајн, со самостојно учење, без фиксни рокови и задолжителни
состаноци.
Главната
цел на курсот е да ги оспособи наставниците да го применуваат програмирањето во
наставата и преку него да ги поттикнуваат креативноста, логичкото размислување,
соработката и дигиталните компетенции кај учениците.
https://nasmedium.blogspot.com/2026/04/codeweek-pixelart.html
https://nasmedium.blogspot.com/2026/04/codeweekgame-little-programmers.html











Нема коментара:
Постави коментар