ИЗВЕСТУВАЊА
ОД УЧИЛИШТЕ; ОПШТИНА; МЕДИМИ:
УЧИЛИШТЕ:
Центар за
талентирани ученици, како резултат на меѓуопштинската соработка меѓу општините
Центар, Карпош и Кисела Вода. Носител на овој проект е Општина Центар преку
Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнерски општини се Карпош и
Кисела Вода.
Центарот
за талентирани ученици ќе овозможи вмрежување меѓу талентите од трите општини,
размена на знаења и искуства, стекнување на нови вештини и подготовка на
младите за домашни и меѓународни натпреварувања.
Реализирани
се три фази и тоа: проектна документација, реконструкција на објектот, набавена
е стока за опрема на кабинети со вкупна вредност од 5.526.318 мкд.
Центарот
располага со површина од 120 квадратни метри и вклучува три посебни простории и
тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија и лабораторија
за уметности.
Просторот
е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето.
Овој
Центар за талентирани ученици е прв во главниот град и има исклучително значење
за талентираните ученици кои немаат катче каде ќе можат да ги развиваат и
усовршуваат своите таленти, знаења и способности.
Учениците
во ова катче можат да работат со своите наставници, додека трошоците за
редовните комуналии за просторот, струјата и парното ќе ги покриваат сите три
општини заедно.
Центарот
за талентирани ученици ќе влезе и во креирањето на општинските буџети со цел
талентираните ученици да го градат и развиваат својот талент и во наредните
години.
Општина Центар исто така обезбедува и одговорно лице кое ќе се грижи за Центарот за истиот да им служи уште долги години на учениците кои поседуваат одреден талент.
ОПШТИНА:
5/10/2023|
Образование| Уредник
Центар за
талентирани ученици се отвора денеска во ОУ „ Димитар Миладинов“ во Општина
Центар. Станува збор за меѓуопштинска соработка меѓу Општина Центар, Карпош и
Кисела Вода. Центарот располага со
површина од 120 m2, и вклучува три посебни простории и тоалет,
опрема за планетариум и физика, био-хемиска лабораторија и лабораторија за
уметности. Просторот е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето.
Градоначалникот
на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека оваа меѓуопштинска соработка може
да биде корисна и перспективна за талентираните ученици од сите три општини.
„Центарот
за работа со талентирани ученици е идеја која подолго време ја чека своја
реализација во Општина Центар. И навистина ме радува што оваа меѓуопштинска
соработка, оваа активност може да биде навистина корисна и перспективна за
талентираните ученици од сите три општини.
Мене ми е
навистина мило што Општина Центар и општините Карпош и Кисела Вода се водечки
општини во формирање на ваков Центар, односно катче за нашите талентирани
ученици да го развиваат и надградуваат својот талент. Верувам дека овде
учениците ќе поминуваат убаво и квалитетно време, ќе се градат и развиваат и
достојно ќе ги претставуваат нашите општини и државата на меѓународните
натпревари. Ви посакувам убава дружба, личен развој и успешни кариери“, им порача
Герасимовски на учениците.
Овој Центар за талентирани ученици е прв центар во главниот град и има исклучително значење за талентираните ученици, кои немаат катче, каде можат својот талент, знаење и способности да ги развиваат и усовршуваат. Во ова катче учениците ќе работат со своите наставници, трошоците за редовните комуналии за просторот (вода и интернет), струјата и парното ќе ги подмирува училиштето, а материјалните трошоци ќе ги покриваат сите три општини заедно. Центарот за талентирани ученици ќе влезе и во креирањето на општинските буџети со цел талентираните ученици да го градат и развиваат својот талент и во наредните години. Општина Центар исто така обезбедува и одговорно лице кое ќе се грижи за Центарот за истиот да им служи уште долги години на учениците кои поседуваат одреден талент.
ВЕСНИЦИ:
Центар за
талентирани ученици се отвора денеска во ОУ „ Димитар Миладинов“ во Општина
Центар.
Станува
збор за меѓуопштинска соработка меѓу Општина Центар, Карпош и Кисела Вода.
Центарот
располага со површина од 120 m2, и вклучува три
посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, био-хемиска
лабораторија и лабораторија за уметности. Просторот е со посебен влез, физички
одвоен од влезот во училиштето. Градоначалникот на Општина Центар Горан
Герасимовски истакна дека оваа меѓуопштинска соработка може да биде корисна и
перспективна за талентираните ученици од сите три општини.
„Центарот
за работа со талентирани ученици е идеја, која подолго време ја чека своја
реализација во Општина Центар. И навистина ме радува што оваа меѓу општинска
соработка, оваа активност може да биде навистина корисна и перспективна за
талентираните ученици од сите три општини. Мене ми е навистина мило што Општина
Центар и општините Карпош и Кисела Вода се водечки општини во формирање на
ваков Центар односно катче за нашите талентирани ученици да го развиваат и
надградуваат својот талент. Верувам дека овде учениците ќе поминуваат убаво и
квалитетно време, ќе се градат и развиваат и достојно ќе ги претставуваат
нашите општини и државата на меѓународните натпревари. Ви посакувам убава
дружба, личен развој и успешни кариери“, им порача Герасимовски на учениците.
Овој
Центар за талентирани ученици е прв центар во главниот град и има исклучително
значење за талентираните ученици, кои немаат катче, каде можат својот талент,
знаење и способности да ги развиваат и усовршуваат. Во ова катче учениците ќе
работат со своите наставници, трошоците за редовните комуналии за просторот
(вода и интернет), струјата и парното ќе ги подмирува училиштето, а
материјалните трошоци ќе ги покриваат сите три општини заедно. Центарот за
талентирани ученици ќе влезе и во креирањето на општинските буџети со цел
талентираните ученици да го градат и развиваат својот талент и во наредните
години. Општина Центар исто така обезбедува и одговорно лице кое ќе се грижи за
Центарот за истиот да им служи уште долги години на учениците кои поседуваат
одреден талент.
Мувла и влага се вселија во прескапата инвестиција во која требаше да се вселиме ние – да ја амортизираме, да истражуваме, да откриваме.
Проект што го создадов со неколку мои колешки, кој виде светлина без притоа некој да нè спомне.
Во неколку наврати побарав да влезам со мојата секција, но тоа не ми беше дозволено од директорката.
Подоцна видов фотографии од расцветана мувла - модрозелена, со бели топчиња како глуварчиња.
Белким ќе се најде некој расположен за работа, кој ќе го залечи и ќе го активира ова огромно, модерно уредено катче за малите таленти.
Славиме наука вон центар :(