Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

четвртак, 26. септембар 2024.

15th Conference of the Society of Physicists of Macedonia 2024

 One of the activities on September 21:







We planted an olive tree,
we celebrated Peace Day,
we celebrated Stojan's birthday.
May our olive tree grow in peace and for peace.
Stoјan to be happy.


среда, 22. септембар 2021.

Интернационален Ден на мирот 2021

 

Нема пат за мир. Мирот е патот.

ООУ Димитар Миладинов



Предметните наставници со осмите и деветтите одделенија го одбележаа Денот на мирот со садење дрвја. Засадивме 6 дрвца (1 костен и 5 јавори).
Уште во 1981 година Генералното собрание на Обединети нации прогласи Меѓународен ден на мирот. Во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше прогласен 21 септември.
Резолуцијата вели: „Меѓународниот ден на мирот е ден за глобално прекинување на огнот и за ненасилство, покана до сите нации и луѓе на тој денот да ги прекинат сите непријателства...“
„Ги повикува сите земји членки, организации во системот на Обединетите нации и невладините организациии, сите лица на соодветен начин да го одбележат Меѓународниот ден на мирот, вклучувајќи образовни активности и подигање на јавната свест, како и соработка со Обединетите нации во воспоставување на глобално прекинување на огнот.“
Овој ден нуди можност поединците, организациите и нациите на ист ден да изведат практични активности за мир. На овој ден, милиони луѓе учествуваат на настани како што се концерти, работилници и собири за мир.
Нашето училиште, ООУ “Димитар Миладинов”, Општина Центар Скопје, повеќе од две децении Денот на мирот го одбележува со садење дрвја.












петак, 15. јун 2018.

Предизвик за млади истражувачи

Фонд за иновации и технолошки развој
Предизвик за млади истражувачи

Иновација претставува добро кое произлегува од претходен процес на согледување на актуелната состојба и подобрување на истата преку користење на разни техники и методи со кои се доаѓа до задоволување на некои дотогаш непознати барања.
Постојат шест типови на иновации:
радикални иновации,
инкрементални иновации,
иновации на производот,
иновации на процесот,
организациони иновации и 

маркетинг.







понедељак, 21. новембар 2016.

МЕСЕЦ НА НАУКАТА - НОЕМВРИ 2016

Во ТЦ „Скопје Сити мол“ и на ПМФ во трите викенди во ноември (4-ти и 5-ти, 11-ти и 12-ти, 18-ти, 19-ти и 20-ти)  се одржа манифестацијата „Ноември – месецот на науката“ каде се опфатија натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации.

За првпат настанот (групно)  беше организиран од Друштвото на физичари од Република Македонија, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, Друштвото на биолози на Република Македонија, Македонското астрономско друштво, Македонското географско друштво, Скопското астрономско друштво, Природно-математичкиот факултет и Скопје сити мол.

Во рамките на настанот,  се одржа и 41-та школа на „Млади физичари“ на која учениците  се натпреваруваа во изработки, демонстрации и со експерименти.

Беа организирани креативни детски работилници, каде најмалите  на сосема поинаков начин можеа да се запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на науката,  можеа да се проследат и предавања на разни теми, од сите научни области од научници од Македонија како и од (надвор) гостите од странство. Настанот  изобилуваше со  активности,  изложби, натпревари во изработки, демонстрации, експерименти, симулации, модели и знаење.

субота, 28. мај 2016.

Промоција на најуспешните наставници по физика во Република Македонија


 Промоција на најуспешните наставници по физика - ментори на ученици од основните училишта во Република Македонија
"Како критериум за избор во најуспешни наставници се вреднуваат постигнувањата на активностите организирани од ДФРМ и други активности, организирани од други институции и организации, било во Република Македонија или во странство. Во смисла на активности се подразбира активност како натпревар, олимпијада, школа, промоција или популаризација поврзана со физика или физика и другите природни науки, активности кои имат натпреварувачки карактер помеѓу ученици."
         Согласно конкурсот за избор и промоција на најуспешни наставници по физика - ментори на ученици во основните училишта во Република Македонија, објавен на 28.4.2016 година на интернет страната на ДФРМ, од пријавените кандидати комисијата ги избра наставниците по физика:
1. Ѓорѓи Дунгевски, ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
2. Ѓорѓи Илиевски, ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Кисела Вода
3. Пантелемон Миташевски, ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово
4. Веселинка Наунчевска, ООУ „Димо Хаџи Димов“ - Карпош
5. Мире Евгенијевска, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ - Аеродром
6. Танка Хаџи - Тоневска, ООУ „Војдан Чернодрински“ - Карпош
7. Александра Ѓоргиева, ООУ „Владо Кантарџиев“ - Гевгелија
8. Аида Петровска, ООУ „Димитар Миладинов“ - Центар
9. Соња Николовска Кузманова, ООУ „Св. Климент Охридски“ - Битола
10. Валентина Степановска - Андонова, ООУ „Даме Груев“ - Битола
11. Александар Котевски, ООУ „Гоце Делчев“ - Ресен
12. Ратка Стојановска, ООУ „Браќа Миладиновци“ - Пробиштип
13. Вера Зороска, ООУ „Христо Узунов“ - Охрид
14. Славица Јолакоска Таштаноска, ООУ „Григор Прличев“ - Охрид
15. Добрила Јовановска - Ѓоргон, ООУ Љубен Лапе“ - Аеродром
16. Галина Малезаноска, ООУ „Св. Климент Охридски“ - Охрид



Денови на електротехниката 2016

Во периодот  од: 18 до 20.05.2016 година во СГСУ на ГС "Михајло Пупин" се одржа манифестацијата ,,Денови на електротехниката 2016’’, на која свое учество имаа 36 училишта од Град Скопје, со вкупно пријавени: 146 ученици и 37 наставници-ментори.  
По свеченото отворање на манифестацијата (18.05.2016 година) за учесниците се реализираше традиционалниот тест-натпревар по Физика. Вториот ден беше организирана екскурзија со посета на ХЕ ,,Матка’’-Скопје, каде што учениците имаа можност да се запознаат со принципот на работа на оваа хидроцентрала. Последниот ден од манифестацијата, најдобрите три екипи (рангирани според постигнатите резултати на тестот по физика) учествуваа на квиз-натпреварот со кој се одреди и годинешниот победник. 
Првото место го освоија учениците од ОУ ,,Јан Амос Коменски’’- општина Карпош: Теодора Поповиќ, Андреј Николиќ и Алексеј Кубелка под менторство на наставничката Рада Стаменкоска.
Второто место го освоија учениците од ОУ ,,Љубен Лапе’’ – општина Аеродром: Теодора Стојческа, Антон Ушинов и Никола Начев под менторство на наставничката Добрила Јовановска Ѓоргон.
Третото место го освоија учениците од ОУ ,,Димитар Миладинов’’ – општина Центар: Деспина Мишева, Матеа Штрковска и Димитар Гугучески под менторство на наставничката Аида Петровска.