Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

недеља, 12. мај 2013.

Традиционално боење на јајца

Боење на природен начин
Велигденските јајца можеме да ги боиме со бои за таа намена, но можеме и со сокови од разни овошја и зеленчуци како што некогаш боеле нашите баби.


За бледо црвена боја користиме сок од цвекло и брусница,
за портокалова - кора од кромид, 
жолта - смеса од кари или кора од портокал, 
сина - смеса од боровница, 
виолетова - црвена зелка, 
кафеава – кафе......


Јајцата ги ставаме во подготвените смеси во кои им додаваме една лажица јаболков оцет. Да добиеме поизразени боји јајцата ги оставаме потопени преку целата ноќ .


Јајца обоени со кора од кромид
Внимателно ја одвојуваме лушпата од кромидот и ја виткаме околку јајцето и прицврстуваме со мрежеста кеса. Потоа ставаме да се варат како и вообичаено, само што варењето ќе трае малку подолго. Потоа го вадеме јајцето, одвиткуваме и добиваме интересно обоено јајце на природен начин.

Мила Соломанова




1 коментар:

  1. Датумот на кој се паѓа најголемиот христијански празник Велигден секоја година е различен и зависи од датумите на серија други празници поврзани со низа други настано со кои е во тесна врска.

    Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот календар или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според лунарниот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.

    Уште од самото востановување на празникот постоела разлика во датумот на празнување помеѓу помесните цркви. Поголемиот дел од помесните Западни цркви сметале дека Велигден треба да се слави првата недела после Јудејската Пасха. Црквите на Истокот го славеле Воскресението на првиот ден после Јудејската Пасха, додека малоазиските цркви го славеле на 14 нисан, што значи, заедно со Евреите. Сето ова довело до појавување на таканаречените Пасхални спорови. На Првиот вселенски собор во Никеја, 325 година било одлучено Велигден да се прославува на ист ден во сите помесни Православни цркви, и тоа во првата недела после првата пролетна полна Месечина. Исто така, востановено е дека „Оној кој ќе ја слави Пасхата заедно со Јудејците, без разлика дали е епископ, презвитер или ѓакон – да му се одземе чинот“

    Промената на календарот довела до тоа Христијаните на запад најчесто да ја слават Пасхата пред оние од истокот, и при тоа најчесто во истовремено со јудејската Пасха, што е повредување на одлуката од Првиот вселенски собор. Дури и оние помесни Цркви кои го прифатиле грегоријанскиот календар, ја задржуваат пасхалијата по јулијанскиот календар.

    ОдговориИзбриши