Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

субота, 23. март 2013.

Купете роза, за да купиме рози

21.03.2013 Продажна изложба




Од спечаленото ќе купиме садници бели рози.

22.03.2013 - Пријателите од Општина Центар Скопје ни помогнаа да го подготвиме теренот за садење.
Додека ги чекавме розите, засадивме други цвеќиња.











Подготвени ги чекаме садниците за нашата градина.
Посакавме садниците да станат грмушки, многу години да цутат и да ни го красат училишниот двор.
Млади еколози ООУ "Димитар Миладинов"      Општина Центар - Скопје


четвртак, 21. март 2013.

„Скопје градот на цвеќето - Скопје градот на розата“

Денот на пролетта - 21 Март
“Бели рози за Денот на пролетта
Целта на кампањата  “Бели рози за Денот на пролетта” , е Скопје да се направи град на белите рози. Кампањата е поттикната и од резултати од студијата „Присуство на олово и други тешки метали во животната средина во градот Скопје“, реализирана во 2 фази во 2002 година на територија на град Скопје. Предмет на испитување се почви, рози и треви на иглолисни растенија, листопадни растенија со покрупни листови и листопадни растенија со поситни листови.
Во заклучоците од студијата се препорачува користење фиторемедиација, метод на користење одредени видови растенија кои имаат способност да ги задржат и акумулираат штетните елементи (тешки метали) од водата, воздухот и почвата. Розите се повеќегодишно украсно растение, кои апсорбираат големи количества олово и кадмиум во себе. Овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето на луѓето.


Учениците од ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар Скопје, денес засадија осум борови дрвца, го исчистија училиштето и училишниот двор, организираа продажна изложба, а од спечаленото ќе купат расад од бели рози и идната седмица ќе ги засадат во училишниот двор.