Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

среда, 22. мај 2013.

СЕТУ на ГС "Михајло Пупин" ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА - 2013 (втор ден)

Хидроцентрала "Матка"

Во велелепниот карпест кањон на реката Треска, помеѓу двата споменика на културата, манастирите "Свети Андреа" и "Свети Никола", пркосејќи им на природните несреќи и на окупаторските закани, хидроцентралата "Матка" не престана да го снабдува Скопје со струја. Таа е нераскинливо поврзана со развојот на главниот град. Кањонот Матка зафаќа површина од околу 5.000 ha и се наоѓа на 17 km југозападно од Скопје, тој претставува кањон на рекатаТреска, која е десна притока на Вардар. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми – десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри. Покрај богатата ендемична флора, овој предел во непосредна близина на Скопје, изобилува и со културно-историски објекти.


 

Пазувите на кањонот Матка кријат во себе една мала Света Гора. Во тешкопристапната, живописна клисура, укрепени од десницата Божја, опстојувале голем број манастири, монашки скитови и пештери, како што се: Шишевскиот манастир „Свети Никола“ манастирот „Свети Ѓорги Скоропотстрижник“, (манастирот „Свети Јован Златоуст“-денес непознат), црквата „Свети Спас“, црквата „Свети Архангел Михаил“ – денес „Света Троица“, црквата „Света Недела“, црквата „Свети Атанасиј“, манастирот „Свети Андреј“ и манастирот „Пресвета Богородица-Матка“.Тие спаѓаат меѓу најстарите градби во околината на Скопје, а камените остатоци вградени во некои од манастирските цркви говорат за постоењето на ранохристијанските храмови од 2-6. век. Повеќето од нив се разурнати, но и такви тие сепак сведочат за едно длабоко вкоренето монашко предание, кое низ вековите бледнеело но никогаш не згаснало. Во 14. век, на левиот брег на реката Треска, на нејзиниот излез од клисурата е подигнат манастирот Матка. Името го добил бидејќи бил централен (матичен) за другите манастири и скитови што се наоѓале во овој дел од клисурата. Се претпоставува дека манастирската црква, посветена на Успение на Пресвета Богородица, е изградена околу 1337 г. од Бојко, син на непозната властелинка Даница, господар на Матка.

Нема коментара:

Постави коментар