Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

понедељак, 16. децембар 2013.

Превентивни мерки за спречување на трговијата со деца


         “Министерството за внатрешни работи како и другите институции на системот, превзема низа превентивни мерки за спречување на трговијата со деца како : Информирање и подигање на свеста за трговија со луѓе и деца-ризични групи, запознавање на децата со нивните права и едукација за препознавање на ризичните фактори и самозаштита од трговија, како и брза идентификација на деца / жртви на трговија, имплментирајќи го при тоа Акциониот план за борба против трговија со деца.”
Oд секторот за внатрешни работи - Скопје, одделение за превенција, одржаа многу полезно и интересно предавање на осмоодделенците од ООУ "Димитар Миладинов"
Продолживме во ист дух, превенција, но од струен удар.
Денот го украсивме со  сертификат од учество на еколошка Олимпијада - Русија.

четвртак, 7. новембар 2013.

Традиционален oдбојкарски натпревар: ученици - наставници ООУ "Димитар Миладинов"

ПОБЕДНИЦИ 2011/2012
ПОБЕДНИЦИ 2012/2013
На Митровден се слави патрониот празник на нашето училиште ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар - Скопје.
Прославата се состои од приредбата и многу други  ученичко - наставнички манифестации со едукативен и забавен карактер. Една од тие манифестации е и одбојкарскиот натпревар, ученици – наставници. 
Верувам дека знаете кои се победниците :)
ПОБЕДНИЦИ 2013/2014