Кој бил Михајло Пупин?
Михајло Пупин, големиот учител,
добродетел, патрон, пријател на уметноста, писател и заштитник на највисоките
интереси на својот народ. Неговиот живот, на секој чекор е упатство како треба
да се живее достоинствено, благородно, значајно, како да се совладаат
препреките и да се надминат неуспесите. Од особено значење е да се потсетиме на
неговата научна креативност. Без неговите обемни и разновидни дела неможеме да
ја замислиме современата техничка цивилизација. Од 35-те вредни патенти кој ги
има верифицирано, секако, еден од најзначајните е методот за зголемување на
опсегот на телефонската линија, со помош на посебни намотки во
телекомуникациите. Тој исто така експериментирал со ренгентските зраци. Најмногу
истражувања тој посветил на осцилациите и филтрите, што е основа на
радиотехниката и телекомуникацијата. Малку е познато дека токму Пупин добил
патенти за воспоставување на повеќе телеграфски и телефонски канали по едена
физичка вода и на тој начин ги потавил темелите за време и фрекфренцискиот
мултиплекс без кои современите телекомуникации неможе да се замислат. Од три
компоненти на кои се базираат информационите и комуникациските технологии, тој
има патентирано две.За користење на ултразвук во откривањето на подморници
Пупин добил највисоко признание од американскиот претседател. Исто така тој го
дал маематичкиот модел за анализа на полифазниот систем на ротирачкото магнетно
поле. Ова е еден краток преглед на работата на овој голем научник. Тој бил
учител на четри нобеловци. Напишал учебник за термодинамика, други шест книги,
триесет различни записи кои се посветени на популаризација на науката. Напишал
десетици извештаи, говори и експозеа за научни собири за институти и академии.
Има објавено 36 научни трудови,
повеќето во големите научни списанија. Поради неговото големо залагање и напор
да се истакне вредноста на истражувањето, да се сеќаваме на значењето и целта
на научниот напредок, со неверојатен спој на два збора, одговорност и
ентузијазам, Пупин се смета за еден од татковците на идеализмот во науката.
|
„Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх
уторак, 21. мај 2013.
СЕТУ на ГС "Михајло Пупин" ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА - 2013
Ознаке:
Аида Петровска,
ООУ Димитар Миладинов
Локација:
Macedonia (FYROM)
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Нема коментара:
Постави коментар