Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

субота, 28. мај 2016.

Промоција на најуспешните наставници по физика во Република Македонија


 Промоција на најуспешните наставници по физика - ментори на ученици од основните училишта во Република Македонија
"Како критериум за избор во најуспешни наставници се вреднуваат постигнувањата на активностите организирани од ДФРМ и други активности, организирани од други институции и организации, било во Република Македонија или во странство. Во смисла на активности се подразбира активност како натпревар, олимпијада, школа, промоција или популаризација поврзана со физика или физика и другите природни науки, активности кои имат натпреварувачки карактер помеѓу ученици."
         Согласно конкурсот за избор и промоција на најуспешни наставници по физика - ментори на ученици во основните училишта во Република Македонија, објавен на 28.4.2016 година на интернет страната на ДФРМ, од пријавените кандидати комисијата ги избра наставниците по физика:
1. Ѓорѓи Дунгевски, ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
2. Ѓорѓи Илиевски, ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Кисела Вода
3. Пантелемон Миташевски, ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово
4. Веселинка Наунчевска, ООУ „Димо Хаџи Димов“ - Карпош
5. Мире Евгенијевска, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ - Аеродром
6. Танка Хаџи - Тоневска, ООУ „Војдан Чернодрински“ - Карпош
7. Александра Ѓоргиева, ООУ „Владо Кантарџиев“ - Гевгелија
8. Аида Петровска, ООУ „Димитар Миладинов“ - Центар
9. Соња Николовска Кузманова, ООУ „Св. Климент Охридски“ - Битола
10. Валентина Степановска - Андонова, ООУ „Даме Груев“ - Битола
11. Александар Котевски, ООУ „Гоце Делчев“ - Ресен
12. Ратка Стојановска, ООУ „Браќа Миладиновци“ - Пробиштип
13. Вера Зороска, ООУ „Христо Узунов“ - Охрид
14. Славица Јолакоска Таштаноска, ООУ „Григор Прличев“ - Охрид
15. Добрила Јовановска - Ѓоргон, ООУ Љубен Лапе“ - Аеродром
16. Галина Малезаноска, ООУ „Св. Климент Охридски“ - Охрид



Денови на електротехниката 2016

Во периодот  од: 18 до 20.05.2016 година во СГСУ на ГС "Михајло Пупин" се одржа манифестацијата ,,Денови на електротехниката 2016’’, на која свое учество имаа 36 училишта од Град Скопје, со вкупно пријавени: 146 ученици и 37 наставници-ментори.  
По свеченото отворање на манифестацијата (18.05.2016 година) за учесниците се реализираше традиционалниот тест-натпревар по Физика. Вториот ден беше организирана екскурзија со посета на ХЕ ,,Матка’’-Скопје, каде што учениците имаа можност да се запознаат со принципот на работа на оваа хидроцентрала. Последниот ден од манифестацијата, најдобрите три екипи (рангирани според постигнатите резултати на тестот по физика) учествуваа на квиз-натпреварот со кој се одреди и годинешниот победник. 
Првото место го освоија учениците од ОУ ,,Јан Амос Коменски’’- општина Карпош: Теодора Поповиќ, Андреј Николиќ и Алексеј Кубелка под менторство на наставничката Рада Стаменкоска.
Второто место го освоија учениците од ОУ ,,Љубен Лапе’’ – општина Аеродром: Теодора Стојческа, Антон Ушинов и Никола Начев под менторство на наставничката Добрила Јовановска Ѓоргон.
Третото место го освоија учениците од ОУ ,,Димитар Миладинов’’ – општина Центар: Деспина Мишева, Матеа Штрковска и Димитар Гугучески под менторство на наставничката Аида Петровска.