Во декември 2012 и јануари 2013 год., учениците Елизабета Бошнаковска, Матеј Голубовиќ, Никола Костов и Трајче Јакимовски одржаa повеќе предавања за своите соученици на тема "Заштита од струен удар" |
"Струјата кога тече низ човечкото тело , убива. Таа тече од точка на повисок потенцијал кон точка со понизок потенцијал. Ако со едната рака допрете проводник под напон, а со друг дел од телото (другата рака, нозете) допрете до точка со понизок потенцијал низ телото ќе ви протече струја.
Ако струјата е околу 1 милиампер, ќе осетите само мало пецкање, струја од 5 -
10 милиампери дрма добро, а пак наизменична струја која е еднаква или поголема
од 50 милиампери (0,05 ампери) се смета за смртоносна. Бидејќи напонот кој
доаѓа од штекер е фиксен и не се менува многу, струјата која ќе протече низ
човековото тело при затворање на струјниот круг зависи само од
отпорот, според Омовиот закон.
Според овој закон за мрежен напон од 230 волти, “смртоносно низок“ отпор е еднаков или помал од:
R=U/I односно, R=230/0,05=4600 оми
Значи ако отпорот на телото помеѓу двете точки на контакт низ кој поминува струјата, е еднаков или помал од 4600 оми, струјниот удар има голема можност да биде смртоносен, особено ако двете точки на контакт се двете раце, т.е. струјата поминува од едната рака во другата низ градите и срцето.
Што всушност се случува?
Наизменична струја која е еднаква или поголема од 50 mА може да го доведе срцето во состојба наречена вентрикуларна фибрилација. Ова е состојба во која срцето не чука рамномерно и потполно и притоа крвта не циркулира низ телото и мозокот. Ако веднаш не се пристапи кон помош на жртвата на струјниот удар, смрта настапува за неколку минути. Кај многу силен струен удар може да настане до целосен прекин на работата на срцето како и прекин на дишењето.
Еднонасочната струја е малку побезбедна во тој аспект, зошто треба многу поголема струја да протече за да настане вентрикуларна фибрилација. Исто секој струен удар носи и други можности за повреда, изгореници, скршеници од пад доколку жртвата е на високо, на бандера, на скала и сл.

Како да се помогне на некој што е жртва од струен удар?
Најпрво, исклучете ја струјата, ако не можете да ја исклучите, отгрнете ја жртвата од изворот на струјниот удар, со некој предмет кој е изолатор на пр. суво дрво-штица, пластика и сл.
Не допирајте ја жртвата со голи раце додека струјата е вклучена или жртвата е сеуште во контакт со изворот на струјниот удар оти и вие може да настрадате.
После ова проверете дали има пулс и дишење ако има, и жртвата е во свесна состојба, најверојатно се е во ред.
Ако нема пулс и/или дишење и жртвата не е во свесна состојба, веднаш треба да се викне брза помош.
И доколку ги знаете постапките за прва помош кај настрадан од струен удар, како што се масажа на срцето и вештачко дишење, веднаш започнете.
Ако струјниот удар настанал како резултат на гром, важат истите правила за помош, со тоа што безбедно е да се допре жртвата веднаш, односно не постои ризик на струен удар за оној кој ја пружа помошта.

Неколку основни правила за заштита од струен удар:
Рацете секогаш нека ви бидат суви.
Никогаш не работете кога струјата е вклучена. Ова особено важи за 230 волти.
Кога мора да работите “под напон“, користете квалитетен, изолиран алат предвиден за таква работа. Исто со едната рака држете го алатот, додека другата ставете ја во џеб или зад грб. Со ваквиот начин на работа ќе избегнете ситуација на струен удар во кој струјата ќе протече од едната рака во другата и низ градите и срцето. Со ова и да доживеете струен удар нема да добиете вентрикуларна фибрилација. Исто носете суви и добро изолирани чевли со гумен ѓон.
Бидете особено внимателни кај уреди кои не користат трансформатор.
Внимавајте при работа со акумулатори, овде нема можност за струен удар, ама има можност за изгореници и пожар, оти при краток спој акумулаторите даваат огромна струја која брзо може да ги загрее проводниците до точка на топење.
Не допирајте намотки, антена и сл. од предавател или високо фреквентно појачало кога тоа работи, особено ако моќноста е над 10 - 15 вати, зошто може да се здобиете со изгореници.
Ова е основното и најважното правило од сите, "бидете внимателни."
Слушателите имале можност да се запознаат како да се однесуваат со електричните уреди, како во кујната, како во бањата, како во природата, кога се готви невреме. Предавачите беа премногу креативни. Со своите претстави предизвикале големо внимание, а измамиле и понекоја насмевка.
Нема коментара:
Постави коментар