Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

петак, 5. април 2013.

На бродот Земја не постојат патници, сите сме екипажот!

Кампања против глобалното затоплување

Што е глобално затоплување и дали воопшто постои таква појава?

Глобалното затоплување е поим кој се користи многу во денешницата а половина од луѓето што го употребуваат овој поим не знаат што значи или дали воопшто постои. Овој поим всушност претставува промена на температурата на воздухот предизвикана од зголеменото ниво на присуство на таканаречените стекленички гасови во атмосферата.овие гасови ја задржуваат топлината во атмосферата,колку повеќе има стакленички гасови толу повеќе топлината е заробена.Многу луѓе досега ја имаат докажано и потврдено оваа појава  преку различни мерења на темепратурите во исти периоди од годината.Ние сме а и нашите претходници биле љубопитни за оваа појава, затоа нашето училиште направи проект кој сеуште трае а ги  опфаќа долгогодишните проектни активности во кои учествуваме во периодот дојдовме до значајни резултати. Од мерењата заклучивме дека температурите во некои периоди од годината енормно се зголемуваат, а во некои периоди од годината опаѓаат, така што има минимална разлика во вредностите на средни годишни температури. Такво колебање на температурите влијае на климата во Македонија и таа се менува. Немаме веќе остри студени зими ниту пак жешки лета. Завладеа умерената клима. Доказ за промената на климата се и растенијата кои некогаш не можеле да опстојат на нашата почва, а денес се одгледуваат успешно и со се поголеми приноси. Претходната од 1998 год. Она што беше започнато од нашите претходници, ние го продолживме и се гордееме со стореното. Веќе 14 години сме ГЛОБЕ училиште, 6 години ЕНО училиште и 4 години АРМАЛОВО училиште. Како дел од овој проект почнавме да ги мериме и споредувавме температурите во исти периоди во годината и година ја истражувавме влажноста на воздухот со споредување на резултатите од мерењата во претходните неколку години. Средната влажност на воздухот во 2008 година изнесувала 67 %, во 2009 година 71% , а во 2010 година средната влажност изнесувала 72 % . Од овие резултати можеме да заклучиме дека влажноста на воздухот се зголемува.Со сето ова заклучивме дека сепак постои појавата наречена глобално затоплување.

 Оваа година сакавме да видиме колку луѓето се информирани за оваа појава и дали воопшто знаат дека самите тие ја предизвикуваат. Затоа направивме кампања во центарот на градот. Изработивме хамери со еколошки пораки и извршивме анкетирање.Преку оваа анкета не само што дознавме за информираноста на луѓето туку добивме и многу совети за тоа како понатаму да дејствуваме. Ние и понатаму ќе се обидуваме да ги поттикнеме луѓето да се гржат за природата, бидејќи само тие можат да ја променат оваа состојба.

Цели на проектот:

- Сакаме на сите жители да им ја наметнеме грижата за нашата планета,
- Сакаме да не поддржат сите училишта ширум светот и да влијаат на жителите во своите земји,
- Сакаме да живееме во почиста и позелена средина,
- Сакаме да се исфрлат од употреба најлонските кеси и пластичните шишиња,
- Не сакаме диви депонии,
- Сакаме секое празно место, да се засади со дрво или цвет.



 Анализа на анкетните прашања


Прашање
 Да
Не
1. Што мислите дали развојот на технологијата и современиот придонесуваат во загадувањето?
        
82

3
2. Знаете ли колку му е потребно на фрлениот отпад да се разгради во природата?

50

22
3. Дали мислите дека има доволно корпи за отпадоци во вашата средина?

27

73
4. Дали мислите дека вашата средина е загадена?
      
89

 6
5. Дали во близина на вашиот град има фабрика?

80

19
6. Дали мислите дека фабриките придонесуваат во загадувањето на животната средина?

93

4
7. Дали го селектирате отпадот пред да го фрлите?

42

41
8. Дали мислите дека луѓето се доволно информирани за загаденоста на нивната средина?

15

70
  Заклучок:
Повеќето од луѓето се доволно информирани, но сепак не превземаат ништо и не ги користат  информациите. Исто така како една од целите на оваа анкета беше и соговорниците да ни дадат совети што да правиме во иднина и како да се здобиеме со поголемо влијание на околината. Совети од соговорниците за придонесување за заштита од глобалното затоплување кои треба да ги превземаме се:
· - Да ги фрламе отпадоците на соодветните места.
Да не ги кршиме/сечеме дрвјата.  
  - Со поголема едукација на помалите и постарите за селектирање.  
  - Почесто да се изведуваат еколошки акции.
· - Да ги почитуваме природните правила.   
  - Да се воведат казни за повредување на природата.

Јана Ѓелевска

Клуб "Млади истражувачи"

Нема коментара:

Постави коментар