Галаксии
|
Ние живееме во
галаксија наречена Млечен Пат (Milky Way), империја со стотици милиони ѕвезди. Научниците од секогаш се прашувале како
сме дошле до овде, како сме настанале и која е нашата иднина ? Секако дека овие
прашања се поврзани со галаксиите. Постојат околу 200 милијарди галаксии во
досега познатиот дел од универзумот, секоја посебна, огромна и динамична. За
галаксиите може да се каже дека се насилни. Тие се родени во насилно минато - а
така и ќе умрат со насилна смрт. Од каде потекнуваат галаксиите ? На кој начин
тие функционираат ? Која е нивната иднина ? И како ќе изумрат ?
Нашата галаксија
Млечен Пат е стара околу 12 милијарди години. Самата галаксија претставува
огромен диск со големи спирални раце и огромен меур во средината. Ова е само
една од големиот број на галаксии во универумот. Галаксиите како прво и основно
се голема колекција на ѕвезди. Просечната галаксија може да содржи околу 100 милијарди ѕвезди. Ѕвездите во една
галаксија, се родени во облаци од гас и прашина наречена маглини. Ова се
основите на креиранјето на маглината Орел - место каде што се раѓаат ѕвездите.
Нашата галкасија содржи многу милијарди ѕвезди и околу повеќето од нив се
наоѓаат системи од планети и месечини. Но, подолг период ние луѓето немавме многу
информации за галаксиите. Пред само еден век мислевме дека Млечниот Пат е се
што постои. Научниците го нарекувале нашиот остров универзум. За нив не постоеле
други галаксии. Но, подоцна во 1924 година, астронаутот Едвин Хабл (Edwin Habble) го променил сето тоа. Хабл го набљудувал универумот со најнапредниот
телескоп во тоа време, 100-инчниот телескоп кој што се наоѓа на планината
Вилсон, во близина на Лос Анџелес. Длабоко во темното небо, тој видел нејасни грутки светлина кои се наоѓале
многу далеку. Од кога ги видел тие грутки светлина, сватил дека воопшто не се
работело за обични ѕвезди, туку за нешто повеќе. Тие биле како цели градови од
ѕвезди, односно галаксии кои се наоѓале надвор од Млечниот Пат. Ова за
астрономите претставувало огромен шок. Само една година пред откритијата на
Хабл за галаксија се сметала само нашата, а сега истражувањата на Едвин Хабл
покажуваат постоење на универзум кој содржи милијарди галаксии. Хабл довел до
големи откритија во историјата на астрономијата. Универзумот содржи не само
една, туку огромен број на галаксии. На сликите можете да ги видите следните
галаксии:
Гаксијата Вирпол (Whirlpool)
Има две спирални раце и содржи околу 160 милиони ѕвезди.
Галаксијата М87
Гигантска елиптична галаксија.
Оваа галаксија е една од најстарите галаксии во универзумот и во неа ѕвездите светат во златна боја.
Галаксијата Сомбреро (Sombrero)
Оваа галаксија има големо и блесаво јадро со прстен од гас и прашина околу него.
На некој начин, галаксиите претставуваат основна единица
на самиот универзум. Тие се како огномет создаден од Мајката Природа.
Галаксиите со огромни. Далечината ја мериме во милји, а во вселената
астрономите користат светлосни години - односно растојанието кое го изминува
светлината за една година. Тоа е нешто под 6 трилиони милји. Нашата галаксија е
голема околу 100.000 светлосни години. Но дури и оваа големина од 100.000
светлосни години претстаува само еден вид на дамка во космичката скала на
растојанија. Нашиот Млечен Пат може да ни изгледа премногу голем, но
споредувајќи го со другите галаксии во вселената... тој е типично мал. Андромеда (Andromeda) - нашиот
најблизок галактички сосед е голем преку 200.000 светлосни години, два пати
поголем од големината на Млечниот Пат, додека М87 е најголемата елиптична
галаксија во нашиот сопствен космички двор и е многу поголема од Андромеда. М87
е мала галаксија во споредба со ИЦ 1011(IC 1011) која што е најголемата досега пронајдена
галаксија. Таа е 60 пати поголема од нашиот Млечен Пат.
Сите знаеме дека галаксиите се големи и се
насекаде, но да се запрашаме зошто е тоа така? Едно од најголемите прашања во
астрофизиката се од каде доаѓаат галаксиите. Научниците немаат целосно рабирање
на ова. Вселената започнала во она што го нарекуваме Биг - Бенг, односно
екстремно топла и густа фаза пред 13,7 милијарди години. Знаеме дека ништо
слично на галаксија не би постола во тоа време.
Значи галаксиите мора да биле
родени, мора да биле формирани во многу раниот универзум. Потребана е
гравитација за да се направат ѕвезди, но потребно е уште повеќе гравитација за
да се повлечат ѕвездите заедно во една галаксија. Првите ѕвезди се формирале околу
200 милиони години по Биг - Бенг. Тогаш гравитацијата ги повлекла ѕвездите
заедно, по што се формирале првите галаксии. Вселенскиот телескоп Хабл ни
овозможува да погледнеме назад во времето скоро до почетокот на настанокот на
вселената.... периодот кога почнале да се формираат галаксиите. Светлината која
што денес ја гледаме од овие галаксии е всушност од пред илјадници, милиони
дури и милијарди години. Потребно им било сето тоа време за да стигнат до нас,
значи тоа што го гледаме денес е античката историја на тие галаксии. Кога ќе
погледнеме во длабокото поле на Хабл, можеме да видиме мали точки. Тие не личат
многу на галаксиите кои што можеме да ги видиме денес, туку личат на мали точки
кои светат и едвај се понаваат. Тие точки светлина содржат милиони или
милијарди ѕвезди кои само што започнале да се спојуваат заедно. Овие ситни и
слаби точки се најраните галаксии од сите. Биле формирани пред околу една
милијарда години од настанокот на вселената. Но, ова е најдалеку до каде што
може да се види преку Хабл. Ако сакаме да одиме уште поназад во времето, ни
треба друг вид на телескоп - еден премногу голем за да се лансира во вселената. Сега веќе
имаме еден таков сместен во северниот дел на Чиле. На сликата можеме да го
видиме овој телескоп - АКТ (ACT) односно кратеница од Космолоџиски Телескоп Атакама. Ведрото небо е многу важно за
прецизните огелдала на АКТ кои што се фокусираат на најраните галаксии.Космолоџиски Телескоп Атакама |
ПРОДОЛЖУВА .......
ОOУ “Димитар Миладинов” - Скопје
Нема коментара:
Постави коментар