Во ООУ “Димитар Миладинов” од Општина
Центар,Скопје, на 07.02.2013 година ќе се одржи свечено отворање на
реновираната училница по руски јазик за изучување на рускиот јазик од најрана
возраст.
 |
Училиштето се
гордее со тоа што е единствено Основно училиште во градот Скопје кое го изучува
рускиот јазик, застапен во сите години
на основното образование. Рускиот јазик се изучува како втор странски јазик од VI – IX одделение, но со Проектот - Изучување на рускиот
јазик од најрана возраст го изучуваат по избор и најмалите од I-V одделение. Токму за нив е наменета оваа нова реновирана училница, која се
наоѓа на приземјето од училиштето.
|
 |
Најзаслужни за
оспособување на оваа училница е Амбасадата на Руската Федерација со финансиска помош на нафтената компанија
ЛУКОИЛ, во соработка со Општина Центар и раководството од нашето училиште.
Координатор на овој проект е Демчик Елена
во соработка со сите наставници од училиштето и со голема љубов од
најмалите ученици. На свеченото отворање се очекуваат Амбасадорот на Руската
Федерација – Олег Шербак, Аташето за култура- Валентин Огнев, Директорот на
ЛУКОИЛ- Андреј Кука, Градоначалникот на Општина Центар - Владимир Тодоровиќ и
други одговорни лица. Сите нив ќе ги поздрави директорката на нашето училиште
Маја Ангелова и ќе им додели признанија за нивниот ангажман во реновирањето на
училницата и донирањето на опрема за успешно одвивање на наставата по руски
јазик. Целата оваа свеченост ќе биде збогатена и со мала приредба од страна на
учениците кои го изучуваат рускиот јазик.
|
 |
07.02.2013 |
Нема коментара:
Постави коментар