Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

четвртак, 14. фебруар 2013.

Свети Трифун и Свети Валентин

Во Македонија се прославува верскиот празник Свети Трифун, 14 февруари,  денот на лозарите, но и на земјоделците кои по зимското затишје, за прв пат во новата година излегуваат  по полињата и ги закроијуваат лозите, дрвјата и ја благословуваат земјата. На овој ден традиционално се собира семејствотo и се пече пита под вршник и се пие вино и ракија. Откако ќе се "загреат" сите заедно одат во лозјето и го започнуваат кроењето на лозниците со желби за берикет и плодна година. Обичаите кои се изведуваат на овој ден се разликуваат по региони.
Додека некои луѓе го слават Св. Трифун, други  го слават Свети Валентин  <3

Свети Валентин е измислен во Африка

Славниот празник на вљубените којшто католичкиот свет заедно со сите заљубени го слават на 14 февруари, е празник којшто всушност има африканско потекло. Историјата вели дека не се знае дефинитивната причина, повод ниту начинот кој довел до славењето на 14 февруари, но постојат повеќе шпекулации. Една од најубедливите вели дека Свети Валентин е всушност светец од Африка и заради него католиците го слават овој празник. Иако постојат преку 10 личности со името Валентин во католичката религија, ниту еден од нив не е поврзан со љубовта, што навистина е разочарувачки ако сакаме да ги земеме фактите предвид. Папата Глазиј во обид да го исфрли паганскиот празник „Луперкалија“ уште во далечната 495 година, пронашол совршено решение во светецот Валентин. Бидејќи и самиот папа водел потекло од Алжир, спасот го нашол во светецот Валентин којшто наредил да се слави на 14 февруари.  Легендите се интересни, па може да се каже и доволно логични во објаснувањето зошто Свети Валентин светот го празнува како празник на љубовта. Празникот Луперкалија, се одржувал на 15 февруари и ја славел волчицата Лупа, „мајката“ на Ромул и Рем, основачите на Рим. Бидејќи на некој начин нејзината љубов кон децата била толку голема што го надминувала дури и животинскиот порив, луѓето лесно го поврзале светецот со љубовта, односно стариот со новонаметнатиот празник. Друга пак легенда вели дека кога римскиот  отец Валентин бил во затвор и ја чекал својата егзекуција, ја излекувал слепата ќерка на неговиот затворски чувар. Некои дури тврдат и дека пред да биде погубен, напишал писменце до ќерката на чуварот и на крајот се потпишал со „од твојот Валентин“ (From your Valentine), па затоа и ден денес обичајот е да се испрати картичка до љубениот, а тој се нарекува со името „валентин“.



Нема коментара:

Постави коментар