„Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх
субота, 22. март 2014.
Македонија земја на цвеќето – земја на розите
По
повод традиционалните „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ од 21 до 25
март, Министерството за животна средина и просторно планирање оваа година
организираше голема акција за засадување на садници на рози на булеварите и на
другите зелени јавни површини на целата територија на Македонија.
Учениците од
ООУ "Димитар Миладинов" Општна Центар - Скопје, на 21 март се вклучиа во акцијата преку ревиална изложба на
изработените креативни творби под мотото „Македонија земја на цвеќето – земја
на розите“, која се одржа во училишниот
двор, од 10 до 12 часот.
Покрај
ревиалната изложба спроведовме акција за собирање на стара облека, изложба на
домашните миленичиња и засадивме неколку садници од бели и црвени рози.
Нема коментара:
Постави коментар