„Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх
четвртак, 21. март 2013.
„Скопје градот на цвеќето - Скопје градот на розата“
Денот на пролетта - 21 Март
“Бели рози за Денот
на пролетта”
Целта на кампањата “Бели рози за Денот на пролетта”
, е Скопје да се направи град на белите рози. Кампањата е поттикната и од
резултати од студијата „Присуство на олово и други тешки метали во животната
средина во градот Скопје“, реализирана во 2 фази во 2002 година на територија
на град Скопје. Предмет на испитување се почви, рози и треви на иглолисни
растенија, листопадни растенија со покрупни листови и листопадни растенија со
поситни листови. Во
заклучоците од студијата се препорачува користење фиторемедиација, метод на
користење одредени видови растенија кои имаат способност да ги задржат и
акумулираат штетните елементи (тешки метали) од водата, воздухот и почвата.
Розите се повеќегодишно украсно растение, кои апсорбираат големи количества
олово и кадмиум во себе. Овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето
на луѓето.
Учениците од ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар Скопје, денес засадија осум борови дрвца, го исчистија училиштето и училишниот двор, организираа продажна изложба, а од спечаленото ќе купат расад од бели рози и идната седмица ќе ги засадат во училишниот двор.
Нема коментара:
Постави коментар