“Нема пат за мир. Мирот е патот.”
ООУ “Димитар Миладинов”
Предметните наставници со осмите и деветтите одделенија го одбележаа Денот на мирот со садење дрвја. Засадивме 6 дрвца (1 костен и 5 јавори).
Уште во 1981 година Генералното собрание на Обединети нации прогласи Меѓународен ден на мирот. Во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше прогласен 21 септември.
Резолуцијата вели: „Меѓународниот ден на мирот е ден за глобално прекинување на огнот и за ненасилство, покана до сите нации и луѓе на тој денот да ги прекинат сите непријателства...“
„Ги повикува сите земји членки, организации во системот на Обединетите нации и невладините организациии, сите лица на соодветен начин да го одбележат Меѓународниот ден на мирот, вклучувајќи образовни активности и подигање на јавната свест, како и соработка со Обединетите нации во воспоставување на глобално прекинување на огнот.“
Овој ден нуди можност поединците, организациите и нациите на ист ден да изведат практични активности за мир. На овој ден, милиони луѓе учествуваат на настани како што се концерти, работилници и собири за мир.
Нашето училиште, ООУ “Димитар Миладинов”, Општина Центар Скопје, повеќе од две децении Денот на мирот го одбележува со садење дрвја.
Нема коментара:
Постави коментар