Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх

недеља, 10. август 2025.

Реализирано во учебната 2024/2025

 

Известување за реализираните активности во учебната 2024/2025 година

Во текот на учебната 2024/2025 година, со посветеност и ентузијазам ги реализиравме планираните активности, кои донесоа многу знаење, искуства и успеси за нашите ученици.


Митровденски фестивал на наука

 Учебната година ја започнавме со подготовки за Митровденскиот фестивал на наука и Школата „Млади физичари“. Попатно, многу им се израдувавме на наградите добиени за eTwinning проектите од минатата година. Фестивалот помина во инспиративна атмосфера, збогатен со учество на многубројни online и onsite гости, кои дополнително го збогатија настанот.


Школа „Млади физичари“ – 46-та по ред

На 15 ноември 2024 година, на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, учествувавме на 46-та Школа „Млади физичари“. Нашите ученици постигнаа одлични резултати:

- 8 втори места

- 10 трети места

 Овие награди се признание за нивниот труд и истрајност.


Европска седмица на кодурање

По натпреварот, се вклучивме во Европската седмица на кодурање. Учениците од VIII одделение одржаа креативни работилници за помалите ученици. Преку пиксел - арт и други интерактивни активности, го одбележавме и Денот на јаболкото на забавен и едукативен начин.


Зимски активности

Организиравме работилници за подигнување на свеста за штетноста од употреба на пиротехнички средства.


Божиќен фестивал на наука

Во рамките на Божиќниот фестивал на наука, имавме соработка со многу земји ширум светот, овој настан беше инициран од Министерството за образование на Германија, а ние дадовме придонес и со сопствен онсајт фестивал.


Безбедност и благосостојба

Планиравме активности насочени кон унапредување на безбедноста и благосостојбата на учениците и наставниците. Овие активности беа интегрирани како дел од воннаставните програми, во рамките на меѓународен проект за медиумска писменост и eTwinning проекти.




Предавања од наши поранешни ученици

Во улога на предавачи ни се придружија нашите поранешни ученици – Марија Станкова и Димитар Караташев, кои одржаа интересни и корисни предавања за вештачка интелигенција и медиумска писменост.


Недела на информатиката 2025

Учениците од VIII-в беа носители на активностите за одбележување на Неделата на информатиката (10–14 февруари 2025). Во таа прилика го одбележавме и Денот за побезбеден интернет, со темата: „Предобро за да биде вистинито – да се заштитиме од онлајн измами“.


Акција за чистење на училишниот двор

По повод 8-ми март, учениците од VIII одделение организираа акција за уредување и чистење на училишниот двор.


14 март – Ден на математиката

Со креативни активности го одбележавме 14 март -Меѓународниот ден на математиката, Денот на бројот π, и роденденот на Алберт Ајнштајн.


22 април – Ден на планетата Земја

 Со уште еден фестивал на наука и отворени часови, го прославивме Денот на планетата Земја.


Денови на електротехника 2025

 Успешно учествувавме и оваа година. Освоивме трето место како им, а имавме и најдобар индивидуален натпреварувач.



Натпревари во решавање задачи

Нашите ученици беа најдобри и на регионалниот и на државниот натпревар по решавање задачи. Филип Хаџи Велков - и оваа година - државен првак!


Проекти и иновации

Завршивме 6 меѓународни проекти, од кои 4 беа eTwinning, чии резултати ги очекуваме до септември. Посебно сме горди на учеството во проектот „Македонија 2025“ каде се здобивме и споделивме искуства и знаење од областа на природните науки како и проектот "Светски ден на животната средина – Размена на најдобри практики во заштита на животната средина", сработен со другарите од Рoмaнија.


Физика - наша силна страна

Како и секогаш, физиката беше поле на големи успеси, како  во експериментирањето, така и во решавањето задачи. Проектните активности ги имплементиравме во наставата и сите навремено ги завршивме со одлични продукти.

Голема благодарност  на сите ученици, наставници и соработници за извонредната учебна година!

Продолжуваме со уште поголема мотивација и во следната учебна година!