Во ТЦ „Скопје Сити мол“ и на ПМФ во
трите викенди во ноември (4-ти и 5-ти, 11-ти и 12-ти, 18-ти, 19-ти и
20-ти) се одржа манифестацијата „Ноември – месецот на науката“ каде се опфатија натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации.
За првпат настанот (групно) беше организиран од Друштвото на физичари од Република Македонија,
Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, Друштвото на биолози на
Република Македонија, Македонското астрономско друштво, Македонското
географско друштво, Скопското астрономско друштво,
Природно-математичкиот факултет и Скопје сити мол.
Во рамките на настанот, се одржа и
41-та школа на „Млади физичари“ на која учениците се натпреваруваа во
изработки, демонстрации и со експерименти.
Беа организирани креативни детски
работилници, каде најмалите на сосема поинаков начин можеа да се
запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на
науката, можеа да се проследат и предавања на разни теми, од сите
научни области од научници од Македонија како и од (надвор) гостите од
странство. Настанот изобилуваше со активности, изложби, натпревари во
изработки, демонстрации, експерименти, симулации, модели и знаење.