Ден на дрвото - засади ја својата иднина
|
Под мотото „Спортски е да се сади“ се одржа десеттата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Предвидено е да се засадат 2 милиони садници на површина од 803 хектари.
Учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ се приклучија кон
акцијата. Тие заедно со своите наставници организирано засадија садници на
Мршевскиот рид и во својот училишен двор. Целта на акцијата беше да бидат
вклучени учениците во активностите за засадување нови садници, како и развивање
љубов кон природата и шумите, преку организирани акции за засадување и
пошумување. ОУ „Димитар Миладинов“ со сите свои ученици, секоја година
традиционално учествуваа во акциите за засадување на нови садници во училишниот
двор и на локациите за пошумување.
Овој процес придонесува за збогатување на животната
средина со нови, раскошно цветни круни кои ќе го зајакнат хортикултурниот
изглед на нашиот двор. Засадувајќи нови заштитници на белите дробови ја
негуваме нашата природа и воедно вложуваме во создавање поздраво место за
секоја индивидуа под Сонцето. (Филип Поповски)